Грчка студентка со инвалидитет ја постигна својата животна амбиција да го достигне врвот на планината Олимп, највисокиот врв на Грција, носена врзана за грбот на пријател.
Елефтерија Тосиу, која цел живот беше врзана за инвалидска количка, на 5 октомври беше носена на самиот врв на Олимп главно од својот земјак, Мариос Јaнанаку, спортски тркач за издржливост на долги растојанија, кој веќе 50 пати ја има искачено планината висока 2.917 метри.
Двајца други пријатели помогнаа во носењето на Тосиу на одредената патека, но Јананаку ги изведе најтешките потези, вклучувајќи го и носењето кон последниот пристап до самиот врв.
- „Чувствата беа многу силни“, рече Тосиу (22 год.), студентка по биологија и јубител на екстремни спортови. „Бев среќна, се трогнав ... На крајот беше најинтензивно кога слеговме и сфативме што сторивме“, рече таа.
Тосиу и Јананаку, (28 годишен), двајцата од северниот грчкиот град Драма, се сретнаа за прв пат во септември преку заеднички пријател и таа му го раскажа својот сон.
Потребни беа 10 часа, но радоста го исплати заморот: „Нема ништо пореално од сонот“, напиша Мариос на инстаграм. Оваа несекојдневна спортско-пријателска сторија ја објави „Ројтерс“ и италијанска „La Stampa“.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во