Победничко отварање на квалификациите на Македонската ракометна репрезентација за пласман на ЕП 2022 година вечерва на теренот на „Борис Трајковски“ во Скопје без публика но со победа над репрезентацијата на Финска.
Избраниците на Данило Брестовац ја оправдаа фаворитската улога против Финска, славеа со 33-24 (16-10). Ова беше полесен тренинг за „црвено-жолтите“ пред дуелот со Швајцарија, но и одлична можност да ги провери силите на втората постава.
Капитенот, Кирил Лазаров со 11 погодоци од 14 обиди (осум од седум метри) беше прв стрелец во нашите редови, Никола Митревски имаше 13 интервенции. Филип Кузмановски беше стрелец на шест погодоци од 12 обиди.
Гостите имаа сили само 14. минути, период во кои имаа водство од 0-1, 3-4 и 4-5, ние на другата страна имавме серија на промашувања, меѓу кои две од седум метри (еднаш Лазаров и еднаш Манасков).
Отпорот на гостите конечно го скршивме во 14-та минута, по погодокот на Лазаров од седум метри направивме мини серија од 6-0 (четири гола на Лазаров, еден на Талаески и Маџовски) за највисоки до овој дел 10-5 во 22. минута. Финците на другата страна беа без погодок седум минути.
Со нов погодок на капитенот од седум метри, Македонија поведе со 12-6 и 13-7. Во меѓувреме Брестовац направи промени како што најави, влегоа Мишевски, Маџовски и Костески.
По паузата, нашата репрезентација поведе со 17:10 и продолжи да доминира на теренот. Највисоки девет разлика предност достигнавме во 56-та минута од натпреварот. Така и го завршивме второто полувреме и првиот квалификациски дуел со победа над Финска од девет голови предност со реултат 33:24.
Македонија во сабота и' гостува на Швајцарија на втората квалификациска средба за ЕП 2022.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во