Print this page

Д-р Петков - за седум дена на пола пат кон Еверест



Гевгелискиот патник до највисокиот врв на светот Монт Еверест, Д-р Ѓорги Петков денеска пристигна до кампот Гокио кој се наоѓа на 4.800 метри надморска висина на Хималаите.

Тоа е речиси пола пат до самиот врв (8.848 метри надморска висина) што е најновиот искачувачки предизвик на овој наш познат алпинист, инаку доктор специјалист инфектолог. Овде, со својот експедициски тим до „Покривот на светот“ останале три дена. Претходно, на 1 април ја совладале висинската конта што се наоѓа на 4.500 м.н.в., тоа е кампот Кумјунг каде останале два дена и продолжиле до Гокио. По успешната изведена висинска рута по ледените патеки, меѓународната експедиција на Еверест 2018 во која е и д-р Ѓорги Петков, повторно се вратиле до базниот камп во Пангбочхе кој е 800 метри подолу, односно на 4.000 м.н.в. Заради аклиматизација на телото на температурните и висинските разлики, концентрацијата на кислород, воздушниот притисок и слично, екипата останува два дена на починок во Пангбохче.

Фото: Кампот Кумјунг 11 на  4.500 метри надморска височина,  1 април 2018, од ФБ албумот на Д-р Ѓорги Петков

Своите впечатоци од Гокио тој ги сподели со пријателите со зборовите:

- „Овде е чудно, наутро сонце, а попладне снег секој ден“ и испрати поздрави до сите.

Ние му посакуваме среќа низ ледените предели на примамливата природа која д-р Ѓорги Петков сака да ја „стави под нозе“. Тој од Гевгелија на пат кон искачување на Монт Еверест замина на 24 март испратен од своите колеги планинари од ПД „Кожуф“ и сограѓани кои му посакаа успешна експедиција на „покривот на светот“.

 

Фото: Монт Еверест - камено и ледено дури и во пролет

 


14-ти Меморијал „Димитар Кангата“

Во чест на својот долгогодишен член Димитар Кангов-Кангата, гевгелиските планинари од ЗПСК „Кожуф“ и годинава го организираа традиционалниот меморијал со искачување на врвот Зелен брег

Повеќе

„Вардар“ со прв пораз во ЛШ

Во петтото коло од Лигата на шампионите по четири победи во низа, Вардар го претрпе првиот пораз на гостување во Кјелце

Повеќе

Маестрална победа на Вардар

Вардар со четири победи од четири натпревари во Лигата на шампиони

Повеќе

Фудбалски натпревар во спомен на Истатов

Пријателски натпревар помеѓу ЖФК „СЦ Истатов 2015“ и ЖФК „Спортика“ Благоевград

Повеќе

Хамилтон најбрз на трката во Сочи

Возачот на „Мерцедес“ ја освои осмата победа сезонава или вкупно во кариерата се избори за јубилејната 70-та

Повеќе

Вардар го победи и Веспрем

По три одиграни натпревари Вардар со три победи во Лигата на шампионите

Повеќе

Почина Благој Истатов - голманска фудбалска легенда

Легендата Благој Истатов почина на 71-годишна возраст

Повеќе

Вардар со втора победа во Лига на шампиони

Ракометарите на македонскиот шампион славеа со 33:25 против Кристијанштад

Повеќе

Вардар го победи Монпелје

На гостински терен „црвено-црните“ го победија Европскиот шампион во ракомет од 2017

Повеќе

Усаин Болт во трка во безтежински простор

Усаин Болт е најбрз човек на светот, но дали е најбрз и во безтежински простор

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе