Топ Новости >

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

  • Петок, Апр 20 2018

 


ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?
Скали користени како мост, јажиња од две страни, бамбусови прачки за одбележување на курсот, карабинери и дерези за забивање на чекорот во ледот, цепин за поткрепа при качување на замрзнат снег, за поткопување во тврд снег, симнување по стрмни и заледени површини каде постои опасност за пролизгување.

Петдневниот тренинг на меѓународната експедиција на Хималаите во кои е и гевгеличанецот Д-р Георги Петков започнува во 4:30 часот со првте зраци на сонцето.

Совладувањето на висинските движења беше технички тренинг за првиот ден. Следуваа движења по глечерот Кумбу. Глетките од фотографиите на овие зафати се фасцинантни. Секој чекор мора да биде одмерен, сигурен, без да се гледа во празнината од пукнатините на глечерот кои ја откриваат сета старост на овој леденик, но и сиот ризик од нови напукнувања, придвижувања на глечерот, поради што соработката на тимот е неприкосновено важна. Секој поединечно треба да го сосредоточи вниманието на јажето кое треба да биде затегнато за следниот патник од експедицијата.

Д-р Петков за ГевгелијаНЕТ изјави дека во друштво со своите колеги алпинисти се чувствува добро, сигурно и тимски настроено да успеат во својата намера, да го „освојат“ Монт Еверест.
Во тимот составен од тројца американци, тројца англичани и еден австралиец, само Д-р Петков е од Македонија.

Годинава кога се навршуваат 65 години откако сер Едмунд Хилари и Тензинг Норгеј влегоа во историјата како први успешни освојувачи на Монт Еверест (на 29 мај 1953 година), го очекуваме и искачувањето на првиот гевгеличанец на „покривот на светот“, односно шестиот по ред Македонец кој го ставил под нозе највисокиот врв на Хималајскиот масив.

Го прашавме доктор Петков, каква е температурата таму, зошто од фотографиите кои ни ги испраќа гледаме само ледена шир облеана со светло сонце. Вели: „Па, температурата напладне е нешто малку под нулата“. Значи можете да замислите дека, навечер, е нешто повеќе под нулата, а се преноќува во вреќа, под шатори. Ледените утра со тренинг се енергија за загревање на телото, а заедно со ледените ноќи, оваа експедиција е вистински, но несекојдневен подвиг за секој решителен вљубеник на екстремните спортови.

Денешниот тренин започнува од базниот камп се' до освојување на висина од 5.850 метри, каде за потребите на аклиматизација на телото, тимот планинари-алпинисти ќе остане да престојува под шатори три ноќи, а и потоа пак се враќаат до базниот камп.

Но, не е само мразот предизвик за издржливост. Тука се и планинските пајаци (Euophrys omnisuperstes). Дури и високо на небото, со едвај доволно воздух за дишење, опстојуваат хималајските скокачки пајаци, кои живеат во дупките и пукнатините на падините на Монт Еверест. Но, докторот Петков е инфектолог по сручност и сигурно неговата професионалност е тука добредојдена за надминување на проблемот со хималајските пајаци скокачи.

Иако Хималаите се планини формирани пред 60 милиони години, историја на Еверест е уште постара. Карпите на врвот на планината некогаш биле дел од наталожените слоеви под нивото на морето пред 450 милиони години. Горните формации на Еверест содржат морски фосили на морски суштества и школки кои некогаш живееле во претходниот океан.

Оваа милионски стара „Кралица на небото“, како што го нарекуваат врвот Монт Еверест луѓето во Непал, за македонските алпинисти прв пат стана достапен пред 29 години со искачувањето на кавадарчанецот Димитар Илиевски-Мурато (1989 година). По него тоа им успеа на уште четворица македонци: д-р Глигор Делев, македонец кој работи во Канада (мај 2007), доктор Сашко Кедев (2009), бизнисменот Здравко Дејановиќ (мај 2010), и Илина Арсова (2013 година). Д-р Петков е на пат да ги испише своите стапала на оваа планинска убавица како шести македонец во спортските анали на Еверест, и како трет доктор од Македонија, но и како прв гевгеличанец што се искачил на „капата на светот“, на „големиот“, Монт Еверест, висок 8.848 метри, ултимативен предизвик на секој алпинист во светот.

После искачување на највисоките врвови во Европа, Африка, Јужна Америка, Алјаска, Монт Еверест е новиот посакуван трофеј равен на олимписки медал од неуморниот гевгелиски трагач на висините.

Му посакуваме добро здравје, добра тимска соработка и успешна мисија на Еверест.

 


Сеќавање за д-р Петков од англискиот алпинист Адам Бут

Адам Бут (Adam Booth), британски алпинист со сеќавање за своите средби и познанство од другарувањето на Монт Еверест со нашиот гевгеличанец, д-р Георги Петков

Повеќе

Ѓер ја одбрани титулата во Лига на шампиони

Во драматично финале Ѓер успеја да ја зачува титулата со резултат 27-26

Повеќе

Штипјанецот Емил Павлов - повторно европски првак во карате

Македонскиот каратист Емил Павлов по втор пат во својата кариера стана европски првак во категоријата до 60 килограми

Повеќе

Вардарки влегуваат во финалето на Лига на шампиони

Утре во 18 часот ракометарките на Вардар играат со ланскиот победник Ѓер

Повеќе

Вардар оди во Фајнал 4 на ЛШ

Вториот пласман на Ф4 во ЛШ на Вардар

Повеќе

На 1 мај на 1000 метри до врвот Монт Еверест

Гевгелискиот алпинист д-р Петков на Денот на трудот ќе искачува 7.800 метри од Монт Еверест

Повеќе

Атлетико Мадрид и со играч помалку непоразен во Лондон

Нерешено со Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лига на Европа

Повеќе

Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

Британската премиерка Тереза Меј денес во Скопје

Предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.