Топ Новости >

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

  • Петок, Апр 20 2018

{flike}


Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“, пререгистрирано како Планинарски спортски клуб „Кожуф“ ја наследува и традицијата на организирање на меморијалниот марш за Перо Илиевски (1930-1992 г.).

Четвртвековниот јубилеј годинава ќе го одбележат бројни планинари и вљубеници на природата, како од општината така и од членови на планинарски друштва и клубови од други општини од државата. Веќе се најавени над 200 гости од соседните општински планинарски клубови со кои ПСК „Кожуф“ остварува долгогодишна соработка.

Патеката, долга 12,5 километри се протега од Планинарскиот Дом „Томе Шутов-Кротки“ сместен во падините на Кожуф, во село Конско, па се' до планинското село Хума. Сите учесници го посетуваат спомен обележјето за Перо Илиевски, спомен плочата истакната на селската чешма на влезот во Хума, каде вообичаено со букет цвеќе, се оддава почит на овој заслужен спортски активист за развој на планинарството во Гевгелија.

Почетокот на маршот е најавен за недела, 22 април. Стартна локација за гевгеличани е пред спортската сала ДТВ Партизан, во 7:30 часот, со организиран автобуски превоз до село Конско и Планинарскиот дом „Томе Шутов Кротки“ од каде се почнува со пешачењето по висините на Кожуф. Враќањето е исто така организирано со автобуси - поаѓање од село Ума кон местото Лековита вода во 15:30 часот, поаѓање на автобусите од Лековита вода кон Гевгелија во 17 часот.

Прогнозите за недела се сончево време, организаторите гарантираат многу планинарски дружења, а ако вам ви се посака ваков тип рекреативна викенд забава потребно е да понесете 50 денари за два автобуски билети до Конско и назад, ранец со потребна опрема - вода, мантил за дожд и прибор за јадење за да го вкусите планинарското гравче кое вообичаено домаќините го подготвуваат и ги нагостуваат сите учесници на маршот, на заедничка трпеза во дворот на црквата во село Хума.

Фото: Ристо Каркалашев, од 20-от меморијал „Перо Илиевски“ 2013

 


Сеќавање за д-р Петков од англискиот алпинист Адам Бут

Адам Бут (Adam Booth), британски алпинист со сеќавање за своите средби и познанство од другарувањето на Монт Еверест со нашиот гевгеличанец, д-р Георги Петков

Повеќе

Ѓер ја одбрани титулата во Лига на шампиони

Во драматично финале Ѓер успеја да ја зачува титулата со резултат 27-26

Повеќе

Штипјанецот Емил Павлов - повторно европски првак во карате

Македонскиот каратист Емил Павлов по втор пат во својата кариера стана европски првак во категоријата до 60 килограми

Повеќе

Вардарки влегуваат во финалето на Лига на шампиони

Утре во 18 часот ракометарките на Вардар играат со ланскиот победник Ѓер

Повеќе

Вардар оди во Фајнал 4 на ЛШ

Вториот пласман на Ф4 во ЛШ на Вардар

Повеќе

На 1 мај на 1000 метри до врвот Монт Еверест

Гевгелискиот алпинист д-р Петков на Денот на трудот ќе искачува 7.800 метри од Монт Еверест

Повеќе

Атлетико Мадрид и со играч помалку непоразен во Лондон

Нерешено со Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лига на Европа

Повеќе

Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

Британската премиерка Тереза Меј денес во Скопје

Предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.