82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

  • Недела, Апр 22 2018

{flike}


Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина.
Близу 600 учесници-планинари од 11 спортски планинарски друштва од осум градови од државата, заедно со домаќините, организаторот Здружение Планинарски спортски Клуб „Кожуф“ од Гевгелија (правен наследник на ПД „Кожуф“) денеска го изведоа најбројниот јубилеен марш во чест и сеќавање на еден од оснивачите на гевгелиското планинарско друштво - Перо Илиевски (1930-1992 година).
Покрај масовноста, меморијалот привлече и младо и старо.
Најмладите учесници имаа од 6 до 8 години, и тоа беа Костадоновски Никола и Горгиев Матео, а највозрасниот беше 82-годишниот планинар од „Ентузијаст“ Струмица, Шикман Стојан.

  

Заради ентузијазмот на младите и упорноста и виталноста на долгогодишниот планинар, организаторот им подели Благодарници за учество на маршот.
Благодарници им беа врачени и на претставниците на гостинските планинарски друштва кои зедоа учество на годинашниот четвртвековен меморијалот, и тоа на:
- ПСК „Чеплес“ Велес
- ЕПД „Картуш“ Прилеп
- П.А.Е.К. „Маратон“ Струмица
- П.А.О.К. „Ентузијаст“ Струмица
- ПАОК „Југ Валандово“ - Валандово
- П.К. „Бел Камен“ Радовиш
- ЗПК „Серта“ Неготино
- СПАОК „Антигонеа“ Неготино
- „Планинари Рекреативци“ ШТИП
- ПСК „18ти Август“ Скопје



Благодарниците беа доделени од страна на претседателот на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, Ристо Каркалашев, кој во името на планинарскиот клуб со ваков чин, поделени Благодарници, искажа благодарност и до локалната самоуправа, спонзорите, локалните жители и поддржувачите на спортот.

После изодената патека долга 12,5 километри од Конско, преку Ума до Лековита чешма, учесниците заедно се дружеа, на планинарско гравче подготвено од домаќините во дворот на црквата „Пантелејмон“ во планинското село Ума, сместено на 820 метри надморска височина. Симнатиот напор од нозете после изодените километри не ги поколеба здравите и чили планинари на заиграт македонско оро. Со нив се веселеа и мештаните и жителите на викенд куќите од ова некогаш населено село со близу 500 власи, а денеска атрактивна планинска викенд населба.

  

Именосецот на Меморијалот, планинарот Перо Илиевски од Ума може да биде горд на ваквата рекордна посетеност на неговото село, од неговите пријатели на планините, висините и спортските рекреативци од соседните општини.

  



Втора победа на македонските ракометари на СП

Со денешната победа на репрезентацијата на Бахреин со резултат 28:23 македонските ракометари ја прокнижија втората победа на Светското Првенство во ракомет

Повеќе

Македонија со победа на Светското првенство

Нашата репрезентација со убедлива победа над Јапонија со резултат од 38-29

Повеќе

Прогласени победниците на „ЕСПЕРО 2018-2019“

„Кожуф Гевгелија“ во јуниорска конкуренција и „Пајдаков-Бекарт“ во сениорска се екипите победници на возобновениот, по две години пауза, Новогодишен турнир во мал фудбал „Есперо 2018-2019“

Повеќе

ГАЛЕРИЈА И ВИДЕО: Хуманитарен маратон за болните од ПХ

Денешниот хуманитарен маратон наменет за поддршка на болните од Пулмонална Хипертензија и пулмонална фибриоза заврши попладнево со успешен финиш на сите 30-на учесника тркачи и велосипедисти на

Повеќе

Хуманитарна трка за болните од Пулмонална хипертензија и Фибриоза

Утрешниот неделен ден, 23 декември ќе биде во знакот на хуманитарниот маратон од Струмица до Гевгелија, долг 50 километри, посветен на болните од Пулмонална хипертензија и Пулмонална Фибриоза

Повеќе

Од Конско до Серменин - планинарска акција на родители со деца

„Родители и деца во природа“ - Нов проект на ЗПСК „КОЖУФ“ Гевгелија кој ги опфаќа најмладите и чија цел е запознавање на децата со природата и создавање здрави навики од рана возраст

Повеќе

Меморијал во чест на Д-р Георги Петков

Искачување на врвот Мала Рупа (2.004 м.н.в.) во организација на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија и ФПСМ следната 2019 година ќе биде во чест и сеќавање на починатиот гевгелиски планинар и алпинист, д-р Ѓеорги

Повеќе

9-ти Декември-Светски ден на планината

Постхумна плакета за д-р Ѓеорги Петков за животно дело и Признание за постигнати резултати во планинарството за 2018 година на ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија

Повеќе

Женските фудбалски надежи од Миравци на селективен камп за репрезентацијата на

Три фудбалерки од Миравци викендов учествуваа на Селективен камп за репрезентативки во Скопје за У-13 и У-15

Повеќе

Роналдо полека, но сигурно урива рекорди

Роналдо успеа да се запише десет пати во листата на стрелци и со тоа  се изедначи со Пијатек, а во петок, во дерби мечот, ќе брка лидерско место на листата на стрелци

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

Игор Ѓорески Хектор - 11 години од трагичната смрт кај Блаце

Денес, 11 јануари 2019 година Македонија одбележува 11 години од трагичната

Повеќе

Патиштата во Гевгелија проодни

За 11 часа непречена работа низ улиците и локалните патишта во Гевгелија,

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 14 сантиметри снег

Веќе 12 часа, почнувајќи утринава од 8:10 часот, Гевгелија е под врнежи од снег

Повеќе

Првото новороденче во општина Гевгелија е женско

На Бадник, 6-ти јануари, во Општа Болница Гевгелија се роди првото новороденче,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.