Топ Новости

На 1 мај на 1000 метри до врвот Монт Еверест

  • Недела, Апр 29 2018

 


Гевгелискиот алпинист д-р Петков на Денот на трудот ќе искачува 7.800 метри од Монт Еверест. Тоа е само 1.048 метри до самиот врв наречен „Капата на светот“.

Овде меѓународниот тим алпинисти предводен од англискиот водич Тим Моусдејл од Лондон, во кој е и гевгеличанецот Петков, ќе остане да преноќи три ноќи без боци за кислород, за аклиматизација и приспособување на телото и организмот на вонредно ледените услови на Еверест.
За еден ден од -5 степени тие треба да стигнат на терен каде температурата е -30 степени Целзиусови. Ваквиот вонреден напор, треба да се издржи три дена и три ноќи, под леденото тло на Кампот 3 каде ноќите се уште постудени и до -40 степени под нулата.
Експедицијата ја греат топли вреќи, шатори, решоа за загревање до топење на снегот за снабдување со вода и испробување на опремата за конечниот чин искачувањето на врвот Монт Еверест од 8.848 метри надморска височина.

Првомајското искачување до 7.800 метри е втoро по ред на седумчлениот тим алпинисти во кои е и гевгеличанецот Георги Петков. Истата рута ја реализираа и вчера за еден ден од 7.200 м.н.в. до 7.800 м.н.в. Но, еднодневниот зафат за висинско искачување на 2.400 метри разлика надморска височина од Базниот камп сместен на 5.400 м.н.в. до Камп 3 на 7.800 м.н.в. со тродневен престој за аклиматизација е новиот предизвик за овие ледено уверени алпинисти во својата намера да зачекорат на Покривот на светот.

Денеска екипата ги проверуваше маските.
Се очекува после престојот во Камп 3 екипата да се врати на нова аклиматизација на телото во Базниот камп. Потоа ќе се очекува погоден временски џеб (погодни временски услови) за реализаирање на конечната цел, освојување на „Кралицата на небото“, како што го нарекуваат врвот Монт Еверест луѓето во Непал.

Целата висинска рута треба да се искачи за 5 часа до 7.200 метри и уште 4 часа за висинскиот Камп 3 на 7.800 метри. Кампот од шатори треба да биде поставен веднаш по искачувањето и самите да создадат услови за престој и ноќевање: да згреат вода, да подготват храна, да создадат привремени тоалети и услови за лична хигиена и да се упатат на спиење со првиот мрак во 18:30 часот, Значи, уште ледени ноќи за експедицијата на Еверест.

Годинава преку агенцијата „Хималајски водич“ на Еверест има упатено осум меѓународни тимови.
Меѓународната експедиција каде учествува д-р Петков е составена од тројца американци, тројца англичани, еден австралиец и само еден македонец. Нашинецот Петков, член на Планинарското друштво „Кожуф“, сега пререгистриран во планинарски спортски клуб, е на патот кон остварување на својата цел да биде првиот гевгеличанец кој ќе го стави под нозе „покривот на светот“, а воедно да биде запишан во аналите на Еверест како шестиот македонец кој ја искачил ледената „Кралица на светот“.

Петков се упати на Хималајската експедиција на 24 март годинава и веќе 35 дена е во искачувачка мисија од јужната страна на Хималаите, од страната на Непал. Се очекува во текот на мај да ја реализира својата конечна цел на оваа долга ледена меѓународна експедиција. 

ФОТО: Еверест експедиција- искачувањето на глечерот Кумбу со јажиња и скали, започна во 3:30 часот утрото на 24.04.2018


Блокотехна со победа, Кожуф со пораз

Кошаркарски викенд билтен за локалните гевгелиски клубови 

Повеќе

14-ти Меморијал „Димитар Кангата“

Во чест на својот долгогодишен член Димитар Кангов-Кангата, гевгелиските планинари од ЗПСК „Кожуф“ и годинава го организираа традиционалниот меморијал со искачување на врвот Зелен брег

Повеќе

„Вардар“ со прв пораз во ЛШ

Во петтото коло од Лигата на шампионите по четири победи во низа, Вардар го претрпе првиот пораз на гостување во Кјелце

Повеќе

Маестрална победа на Вардар

Вардар со четири победи од четири натпревари во Лигата на шампиони

Повеќе

Фудбалски натпревар во спомен на Истатов

Пријателски натпревар помеѓу ЖФК „СЦ Истатов 2015“ и ЖФК „Спортика“ Благоевград

Повеќе

Хамилтон најбрз на трката во Сочи

Возачот на „Мерцедес“ ја освои осмата победа сезонава или вкупно во кариерата се избори за јубилејната 70-та

Повеќе

Вардар го победи и Веспрем

По три одиграни натпревари Вардар со три победи во Лигата на шампионите

Повеќе

Почина Благој Истатов - голманска фудбалска легенда

Легендата Благој Истатов почина на 71-годишна возраст

Повеќе

Вардар со втора победа во Лига на шампиони

Ракометарите на македонскиот шампион славеа со 33:25 против Кристијанштад

Повеќе

Вардар го победи Монпелје

На гостински терен „црвено-црните“ го победија Европскиот шампион во ракомет од 2017

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

24 часовна полициска заштита за осумтемина пратеници

Од МВР велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучила тоа

Повеќе

Премиерот на „Валандовска ракијада 2018“

Премиерот Зоран Заев заедно со лозарите од регионот со манифестацијата го

Повеќе

Заев: Задено напишавме историја

Премиерот Заев на прес-конференција по изгласувањето на постапката за уставни

Повеќе

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.