ВИДЕО: Телото на д-р Георги Петков симнато од Еверест

  • Четврток, Мај 24 2018

 


- „Двајца странски алпинисти кои се обидуваа да го искачат врвот Монт Еверест загинаа“, изјави во понеделникот еден претставник на планинарството за „Азија Прес“ од Катманду, Непал, 24 часа по веста за смртта на гевгелискиот планинар д-р Георги Петков.

Изјавата ја даде Gyanendra Shrestha, кој е постојано стациониран на Базниот камп на Еверест додека трае пролетната искачувачка сесија на највисокиот врв на светот од страна на многу членови на Меѓународни експедиции.
Тој за Непалските медиуми изјавил дека македонскиот алпинист Георги Петков починал во неделата (20 мај), а јапонскиот алпинист Nobukazu Kuriki, на возраст од 35 години починал во понеделникот на 21 мај.
Јапонецот Курики бил познат по искачувањето на многу планински врвови низ светот, но и по неколкуте обиди за искачување на Еверест. Тој изгубил девет свои прста како последица на премрзнување по неуспешниот обид за искачување на Монт Еверест во 2012 година.

Телата на починатите планинари се симнати во понеделникот од висините на Еверест до градот Катманду, каде се очекува да биде спроведена аутопсија..
Се' уште е непозната причината за смртта на јапонскиот алпинист, но за нашиот гевгеличанец Георги Петков, Shrestha вели дека претрпел „cardiac arrest“ - што во медицинскиот речник значи „моментално престанување на работата на срцето како резултат на недостаток на кислород“.



Околу 340 планинари/алпинисти од светот заедно со нивните водачи „шерпаси“ оваа сезона се обидуваат да го искачат Монт Еверест, а многумина од нив само во изминатата недела од мај, поради погодното време за искачување, успееја во тоа. 

Тимовите планинари деновиве треба да ги завршат своите обиди, бидејќи до крајот на месецот временските услови се очекува да се влошат, јавува „tvkey“.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.