Епска победа на Ѓоковиќ над Надал
Топ Новости >

Епска победа на Ѓоковиќ над Надал

  • Сабота, Јул 14 2018

 

Новак Ѓоковиќ се пласира за финалето на Грен слемот на Вимблдон, по пауза од две години

Утрешниот дуел за трофејот на Вимблдон Ноле ќе го игра со Кевин Андерсон во големото финале на Вимблдон.
Српскиот тенисер во маратонот кој траеше два дена го совлада лутиот ривал Рафаел Надал со 3-2 во сетови (6-4, 3-6, 7-6/9, 3-6, 10-8).

Во 52-от меѓусебен дуел меѓу Ѓоковиќ и Надал српскиот тенисер му га нанесе првиот пораз во ова фаза на тенисерот од Мајорка. Добриот почеток најави одлична форма на Србинот, кој поведе во првиот сет со 6-4 и наметна свое темпо. Истото го направи Надал во продолжението за да се врати во игра и да го возврати ударот во вториот сет за 1-1.

Голема неизвесност донесе третиот сет, кој се решаваше во тај-брејкот. До тој момент, ниту еден од двајцата тенисери не го загуби својот сервис, што не беше случајот во 13. гем. Таму, брејковите беа честа појава, за на крај да се израдува Ѓоковиќ со вкупни 11-9. Во тој момент мечот беше прекинат и закажан за денес со почеток од 14.00 часот.

Фановите со нетрпение го очекуваа продолжението од мечот, а истиот донесе маратонски прв гем на сервисот на Шпанецот, кој по 15 минути игра заврши во негова полза. И како многупати во неговата кариера, следуваше одговор и на противничкиот сервис, со прв брејк и водство од 2-0. „Бикот од Мајорка“ лесно го доби четвртиот сет со 6-3 и донесе драма во одлучувачкиот сет.

На стартот на петтиот сет играше израмнет тенис, двата тенисери сервираа одлично, а првата шанса за брејк ја имаше Ѓоковиќ во осмиот гем, но Надал не дозволи предност на противникот и израмни на 4-4. Во следниот гем пак, Шпанецот имаше 40-15, но Ноле со ас, и сервис волеј израмни на 40-40, а потоа поведе со 5-4. Во продолжение се играше гем за гем, сè до 17-от, откако Надал направи неколку грешки на свој сервис, кои соодветно беа казнети од Ѓоковиќ, за финале на Србинот по пауза од две години.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.