Ѓоковиќ го „збриша“ Андерсон за четврта титула на Вимблдон

  • Недела, Јул 15 2018

 

Најдобриот српски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, по пауза од три години повторно е владетел на најпрестижниот тениски турнир сезонава, Вимблдон, откако полесно од очекуваното со 3-0 во сетови славеше во денешното финале над незгодниот Кевин Андерсон од Јужна Африка.

Српскиот ас, кој повеќе од година и пол мака мачеше со повредите и проблемите, на „Олд Ингланд клаб“ се вивна во облаците и со атомски тенис на сите седум мечеви повеќе од заслужено го освои својот четврти трофеј во Вимблдон, од вкупно 13 во кариерата.

Јужноафриканскиот џин, кој до патот до финалето го среди најголемиот фаворит за титулата Роџер Федерер (четвртфинале), а потоа одигра 99 гема против Џон Иснер, денес остана без потребната свежина и сила и многу лесно се предаде од својата прва историска Грен-слем титула.

Стартот на мечот беше само најава на доминацијата на Новак. 21-от тенисер на планетата направи два брзи брејка и првиот сет го доби со 6-2. Идентично се движеше и вториот сет, во кој Ноле со брејкови во првиот и петтиот гем стигна до предност од 1-4, предност која подоцна ја претвори во 6-2 и убедливи 2-0 во сетови.

Во третиот сет Андерсон го подигна своето ниво на игра и заличи на оној од мечевите против Федерер и Иснер. Јужноафриканецот не загуби гем на свој сервис, па сетот замина во тај-брејк, во кој Андерсон немаше решение за разиграниот Србин.

Вимблдон 2018 - Ѓоковиќ и Андерсон се ракуваа после играта и заедно позираа пред фоторепортерите

За Ѓоковиќ ова е прв Грен слем трофеј по пауза од две години. Последен пат славеше на стартот на 2016 година, кога во финалето на Австралија Опен со убедливи 3-0 го совлада Енди Мареј.

ФОТО: Победничкиот пехар за Ѓоковиќ - Вимблдон 2018


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.