Топ Новости

Од Македонија до Брисел со велосипед

  • Понеделник, Сеп 10 2018

 

 

Велешанецот Ване Михајловски со велосипед тргна од Велес за Брисел, на патување кое го нарече „За Европска Македонија“. Релацијата долга 2.179 километри планира да ја помине за 18 денови, можеби и побрзо, ако го послужат временските прилики. За поводот и инспирациите на својот потег вели дека ги има две - здравјето и иднината:

- „Имав рак, бев опериран и сакам на болните да им порачам дека животот продолжува, не треба да се предаваат. Сакам да ги мотивирам да продолжат да се борат, да не клекнуваат. Втората порака е, со возењето од срцето на Македонија - Велес, во срцето на Европа - Брисел, да дадам поддршка за референдумот „ЗА Европска Македонија“ - рече Михајловски.



Деновите на две тркала Ване ќе ги мине сам без придружба, со својата самодоверба и физичката сила и воља што ја носи со себе.

- „Можеби до Брисел ќе стигнам за 15 дена. Очекувам мирно небо, да нема ветер, или ако го има да биде во грб. Ќе возам од три часот наутро до 11 претпладне, тоа е најдобро за една рута“ - додаде Михајловски.

Финансиска поддршка за ова возење добил од Далибор од „Супер 5-ка“, а логистичка поддршка од од Министерството за надворешни работи. Михајловски е 57 годишен активен долгогодишен планинар, но и љубител на возење со велосипед. За патувањето до Брисел активно се подготвувал последните два месеци и смета дека кондиционо и психички е подготвен. Во Велес се враќа на 26 септември, но со авионски лет.

Велешани го испратија Ване во три часот изутрината во четвртокот на шести септември и го очекуваат да финишира онака како што го замислил своето патешествие овој нивен животно упорен сограѓанин (Фото: П.П.)


Автор: Петар Печков


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.