Вардар со втора победа во Лига на шампиони

  • Недела, Сеп 23 2018

 

 

Вардар има две победи во Лигата на шампионите после две кола и го чува врвот во групата А каде е единствениот тим што има четири бода и на тој начин успеа одлично да го продолжи патот во уште една сезона.

Ракометарите на македонскиот шампион денеска славеа со 33:25 против Кристијанштад со што само потврдија дека во моментов се во одлична форма. Средбата ја почнаа во голем стил и направија одличен резултат така што победата беше одраз на сработеното во сите 60 минути.

Кристијанштад не можеше да го следи темпото и рано падна во голема криза, па оттаму на крајот разликата беше преголема. Инаку, ова беше седми дуел меѓу Вардар и Кристијанштад во Лигата на шампионите и седма победа на Вардар.

Вардарци сезонава одново се во центарот на вниманието и покажуваат дека се во одлична форма на стартот на сезоната, но и покажуваат дека се константни во играта што секако може да радува.

- „Со оваа победа против тимот на Кристијанштад и играта докажавме дека триумфот над Монпелје минатата сабота не беше случајност. Дека тоа е плод на одлични играчи и добри тренинзи. После оваа победа и ние почнуваме да веруваме во себе, но и луѓето во Македонија веќе веруваат во нас“, изјави Игор Карачиќ.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.