„Вардар“ со прв пораз во ЛШ

Недела, 14 Октомври 2018

Во петтото коло од Лигата на шампионите по четири победи во низа, Вардар го претрпе првиот пораз на гостување во Кјелце

 

 

Македонскиот ракометен првак „Вардар“ во петтото коло од Лигата на шампионите по четири победи во низа, го претрпе првиот пораз на гостување во Кјелце, Полска со резултат 31:27 во меч во кој имаше сè и сешто.

Келце беше во предност постојано од почетокот на средбата кога направи 3:0, па до крајот. Вардар се обидуваше да се врати, но освен што намалуваше до еден гол негатива не успеваше повеќе.

Во првото полувреме екипата на Вардар остана без Вуко Борозан, кој доби врвен картон на почетокот на 14. минута, а тоа влијаеше и на играта до крајот на првото полувреме кое екипата на Келце го доби со 16:15.

Вардар покажа добра игра во завршницата на првото полувреме, а потоа тргна добро и во вторите 30 минути. Во 35. минута до дуел меѓу Шишкарев и Алекс Душебаев. Русинот стартуваше над поранешниот соиграч, а овој нервозен го оттурна. Шишкарев заврши со две минути, а Душебаев со црвен картон.

Ова како да ги испровоцира домашните, па го засилија темпото. Многу брзо стигнаа до пет гола разлика која им даде можност за сигурна завршница. Вардар без Борозан и со две исклучувања на Стоилов не можеше да го даде најдоброто. Недостигаше и Мораеш, па одличната серија која тргна со победата над Монпелје денеска беше запрена од Келце што значи дека ќе треба да се поправат работите во периодот на пауза до 3 ноември кога се игра следниот меч против Мешков Брест во 6. коло.

Скубе и Дибиров постигнаа по шест гола за Вардар, Шишкарев постигна четири, додека најзаслужен за победата на полскиот првак беше поранешниот „вардарец“ Лука Циндриќ, кој постигна осум гола од вкупно девет обиди.

 

КЕЛЦЕ – ВАРДАР 31:27 (16:15)

Сала: Мосир во Келце.

КЕЛЦЕ: Цупара (7 одб., 1 сед.), Ивиќ, Јурецки 6/9, А. Душебаев 3/5, Агинагалде 1/2, Јахлевски 2/2, Јанц 2/3, Лијевски 1/3, Морито 5/7, Циндриќ 8/9, Перез 1/1, Д. Душебаев, Каралек 2/3

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 14 мин.

ВАРДАР: Милосављев (9 одб., 1 сед.), Гедбан, Стоилов 3/4, Поповски, Кристопанс 2/5, Карачиќ 3/4, Скубе 6/7, Калараш 0/3, Чупиќ 1/2, Дибиров 6/8, Шишкарев 4/5, Борозан 1/1, Војводиќ, Кисељев 1/1, Мишевски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.

Last modified on Недела, 14 Октомври 2018 - 20:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.