Евробаскет квалификации MK-Косово во Гевгелија

Четврток, 29 Ноември 2018

Во недела на теренот од спортската сала „26 април“ во Гевгелија ќе се соочат репрезентациите на Македонија и Косово

 

 

Спортската сала во Гевгелија „26 април“ во недела, 2 декември ќе биде кошаркарски ринг за дуелот помеѓу македонската и косовската сениорска репрезентација во рамките на квалификациите за Евробаскет. Домаќинската улога на Гевгелија беше одобрена и од Македонската кошаркарска Федерација која одбра со ваков квалификациски натпревар од меѓународен ранг да биде почестена и кошаркарската публика од југот на Македонија.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „26 април“, со почеток од 17 часот и 45 минути.

Цената на билетот изнесува 100 денари, а продажбата на билетите ќе биде во спортската сала, од денес до сабота. Сите заинтересирани при купување на билети треба со себе да понесат и лична карта.

Влезот во спортската сала во недела ќе биде отворен од 16:00 часот, додека вратите се затвараат во 17:15 часот.

Организаторот ги известува навивачите дека ако со себе носат метални, дрвени или било какви предмети кои би ја загрозиле безбедноста на натпреварот, ќе бидат отстранети.

Македонската кошаркарска федерација ќе организира превоз на претставниците на медиумите акредитирани за циклусот претквалификации за Евробаскет до Гевгелија каде нашата сениорска репрезентација ќе го одигра третиот натпревар од втората рунда против Косово.

Македонија има две победи во првите два меча од втората претквалификациска фаза за ЕП 2021 и со евентуален триумф на оваа средба ќе направи огромен исчекор кон првото место во групата кое единствено води директно во квалификациите.

 

Last modified on Четврток, 29 Ноември 2018 - 12:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.