Македонија со историска победа над Исланд

Среда, 10 Април 2019

ВИДЕО: Македонија-Исланд 34:33 е победоносниот резултат од 4-та победа над Исланд, но прва на гостински терен во Рејкјавик

 

 

Македонија-Исланд 34:33 е победоносниот резултат од 4-та победа над Исланд, но прва на гостински терен во Рејкјавик. За македонските ракометари ова е втора победа за квалификации за ЕП, кое се одржува во во Австрија, Норвешка и Шведска.

Со погодок од пенал на Дејан Манасков, македонската репрезентација вечерва се избори за втората победа во квалификациите за Европското првенство во ракомет, победувајќи ја репрезентацијата на Исланд со 33:34

На 4 секунди од кајот на натпреварот, поради грешка по изаден црвен картон на играч од Исланд македонските репрезентација доби шанса за пенал која ја искористи Манасков. Најпрво топката се одби од голманот, но повторно дојде во рацете на Манаскови тој ја упати во мрежата на противничкиот голман.

Ова е прв триумф во Рејкјавик со нашиот традиционален противник Исланд. Предноста од првите 15 минути беше на домаќините од Исланд, со 4 голови водство, но потоа целиот натпревар гол по гол беше во доминација на Македонскиот тим.

За ракометните репрезентативци ова е трет натпревар од квалификациите за ЕП. Досега реализиравме пбеда над Турција, и еден пораз од Грција, а ова е втора победа во баражот.

Кире Лазаров призна дека дел од тактиките на терен се искуство од неодамнешниот селектор Раул Гонзалес за кој искажа многу зборови на пофалба и благодарност за наученото. - „Следната недела ќе биде исто жестоко во „Борис Трајковски“ кога се игра реванш на домашен терен, прогнозираше Лазаров.

Со два големи бода од вечерашната победа македонските ракометари се спремаат на нова победа следната недела во Скопје. Задоволството е преголемо зошто Македонија само трипати славела против Исланд, но никогаш на гостински терен.

Вечера селекторот Данило Брестовац го имаше своето деби на селекторската позоција и успеа да ја турне традицијата од досегашните 12 порази од Исланд и еден нерешен резултат и да ја обезбеди првата победа на северот од Европа.

 

Last modified on Четврток, 11 Април 2019 - 01:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.