Топ Новости >

Д-р Петков - за седум дена на пола пат кон Еверест

  • Сабота, Апр 07 2018

{flike}


Гевгелискиот патник до највисокиот врв на светот Монт Еверест, Д-р Ѓорги Петков денеска пристигна до кампот Гокио кој се наоѓа на 4.800 метри надморска висина на Хималаите.

Тоа е речиси пола пат до самиот врв (8.848 метри надморска висина) што е најновиот искачувачки предизвик на овој наш познат алпинист, инаку доктор специјалист инфектолог. Овде, со својот експедициски тим до „Покривот на светот“ останале три дена. Претходно, на 1 април ја совладале висинската конта што се наоѓа на 4.500 м.н.в., тоа е кампот Кумјунг каде останале два дена и продолжиле до Гокио. По успешната изведена висинска рута по ледените патеки, меѓународната експедиција на Еверест 2018 во која е и д-р Ѓорги Петков, повторно се вратиле до базниот камп во Пангбочхе кој е 800 метри подолу, односно на 4.000 м.н.в. Заради аклиматизација на телото на температурните и висинските разлики, концентрацијата на кислород, воздушниот притисок и слично, екипата останува два дена на починок во Пангбохче.

Фото: Кампот Кумјунг 11 на  4.500 метри надморска височина,  1 април 2018, од ФБ албумот на Д-р Ѓорги Петков

Своите впечатоци од Гокио тој ги сподели со пријателите со зборовите:

- „Овде е чудно, наутро сонце, а попладне снег секој ден“ и испрати поздрави до сите.

Ние му посакуваме среќа низ ледените предели на примамливата природа која д-р Ѓорги Петков сака да ја „стави под нозе“. Тој од Гевгелија на пат кон искачување на Монт Еверест замина на 24 март испратен од своите колеги планинари од ПД „Кожуф“ и сограѓани кои му посакаа успешна експедиција на „покривот на светот“.

 

Фото: Монт Еверест - камено и ледено дури и во пролет

 


Франција е новиот светски фудбалски шампион

Сребро за Хрватска  и титула најдобар фудбалер на СП во Русија 2018 за Модриќ

Повеќе

Ѓоковиќ го „збриша“ Андерсон за четврта титула на Вимблдон

Ова е 13-та титула за Ѓоковиќ, но важно е што се враќа победничката игра на српскиот ас на тениските терени после година ипол борба со повредите

Повеќе

Спортска недела

Денес љубителите на спортот ги чека исполнет ден резервиран за две финалиња

Повеќе

Епска победа на Ѓоковиќ над Надал

Новак Ѓоковиќ се пласира за финалето на Грен слемот на Вимблдон, по пауза од две години

Повеќе

Полуфиналниот меч Ѓоковиќ–Надал продолжува денеска

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има предност во дуелот со Рафаел Надал со 2:1 во сетови

Повеќе

ФК „Кожуф“ засилен со тројца нови фудбалери

Гевгелискиот фудбалски клуб „Кожуф“ во пресрет на новата сезона се засили со тројца нови фудбалери

Повеќе

Хрватска во финале на СП 2018 со Франција

Со победа над Англија со 2:1 вечерва хрватската репрезентација се пласираше во финелето на Светското првенство во фудбал, во Русија 2018

Повеќе

Погба пласманот во финале им го посвети на малите херои од Тајланд

Потег за почит на францускиот репрезентативец

Повеќе

Франција првиот финалист

Со победата над Белгија од 1 - 0, Франција е првиот финалист на Светското првенство

Повеќе

ВИДЕО: Бразилските репрезентативци каменувани во Бразил

Бразилските навивачи со камења и јајца ги пречекаа своите фудбалери од Светското првенство

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОЈО покрена обвинение против градоначалникот на Ново Село

Обвинителството бара градоначалникот да остане во притвор

Повеќе

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.