Gevgelijanet - Атлетико Мадрид и со играч помалку непоразен во Лондон
Топ Новости >

Атлетико Мадрид и со играч помалку непоразен во Лондон

  • Четврток, Апр 26 2018

{flike}


Атлетико Мадрид остана непоразен на гостувањето на „Емирати“, играјќи 1-1 против Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа.
Иако со десетмина играчи играа цели 80 минути, поради исклучувањето на Шиме Врсљако, избраниците на Диего Симеоне, кој исто така беше испратен на трибините, успеаја да стигнат до реми со голот на Антоан Гризман во 82-та минута од мечот. Тој искористи една грешка на одбраната на Арсенал и во противнапад ја погоди мрежата на Оспина.

Арсенал имаше доминација на овој меч, со оглед и на предноста од играч повеќе, а поведе со голот на Александре Лаказет во 61-та минута од дуелот. 
Овој резултат 1:1 дефинитивно претставува голем за избраниците на тренерот Диего Симеоне пред реваншот кој е закажан за 3. мај од 21:05 ч. на „Ванда Метролитано“.

Вечерва се играа првите натпревари од полуфиналето на Лига Европа. 
Олимпик Марсеј обезбеди предност од 2-0 против Салцбург во втората полуфинална пресметка од Лигата на Европа. Флориан Товин во 15-та минута го доведе францускиот тим во водство, а во вториот дел и Клинтон Н’јие се запиша меѓу стрелците за убава предност пред реваншот во Австрија.

Следуваат видео снимки од головите на Атлетико и Арсенал.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.