Топ Новости

Хрватска во финале на СП 2018 со Франција

  • Среда, Јул 11 2018

 

Со победа над Англија вечерва хрватската репрезентација се пласираше во финелето на Светското првенство во фудбал, во Русија 2018.

Со драматичен почеток, гол на англискиот шутер Киеран Трипер во 5-та минута, англичаните тргнаа во водство. Но забрефтаните коцкести по краткотрајниот шок тргнаа во напади на голот на противникот и остварија уште два погодока Иван Перишиќ во 68-та минута и  Марио Манџукиќ во 109-та минута, по одиграните продолжетоци од 2 х 15 минути заради нерешениот резултат од 1:1 во регуларното време од натпреварот. 

Публиката на стадионот во Русија видно навиваше за хрватите. Тоа е новата национална постава која после 20 години е на пат да ја повтори репрезентативната титула, носители на трофејот од СП, бронзен медал на Светското првенство во Франција со победа од 2:1 над репрезентацијата на Холандија. Хрватите годинава се дури за едно скалило погоре од пред рекордната две декади, со шанса да бидат носители на трофејот, или второпласирана репрезентација на СП 2018.

За тоа ќе им треба уште една уверлива игра како вечерашнава, со победа од 2:1 над репрезентатцијата на трофејната Англија.

Хрватите беа поактивни на теренот Лужники вечерва со 22 шутирања кон голот, наспроти 11 на англичаните, со 56% поседување на топката, само еден офсајд и осум корнери.

Финалето е во Москва, на стадионот Лужники, на 15 јули со почеток во 17 часот кога ќе го дознаеме носителот на големиот пехар на СП 2018.
Пред тоа во сабота на 14 јули со почеток во 16 часот, на стадионот во Сант Петерсбург за пласман на трето место ќе се натпреваруваат поразените полуфиналисти Белгија и Англија.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.