Топ Новости

Почина легендарниот југословенски боксер Марјан Бенеш

  • Вторник, Сеп 04 2018

 

 

Еден од најголемите европски боксери на сите времиња, Босанецот Марјан Бенеш, почина денеска во Бања Лука во 67-та година од својот живот, откако последните месеци ги мина во дом за стари и изнемоштени, а долг период наназад и во најголема сиромаштија.

Југословенскиот Роки Балбоа (лик од легендарниот филмски серијал со Силвестер Сталоне) е роден во 1951 година во Белград, детството го минува во Тузла, а кариерата ја почнува на 16 години во боксерскиот клуб „Славија“ од Бања Лука. Зад себе има 299 мечеви и тоа со 272 победи, 16 порази и 11 нерешени дуели, а четири пати беше европски аматерски првак.

На Европскиот боксерски шампионат во Белград во 1973 година, ја освои шампионската титула во валтер категорија, која успеа да ја одбрани уште четири пати. Истата година тој беше прогласен за најдобар спортист, а шест години подоцна и како професионалец, тој ја освои европската титула во Европската боксерска унија (ЕБУ).

Во професионалните води одработи 15 меча со 14 победи, а во 1979 година стана европски шампион по триумфот со нокаут против Гилберт Коен.

Бенеш се повлече од боксот во 1983 година, по што имаше само два ревијални меча.

Беше член на Боксерскиот клуб „Славија“ од Бања Лука.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.