Хамилтон најбрз на трката во Сочи

Недела, 30 Септември 2018

Возачот на „Мерцедес“ ја освои осмата победа сезонава или вкупно во кариерата се избори за јубилејната 70-та

 

 

Возачот на „Мерцедес“ ја освои осмата победа сезонава или вкупно во кариерата се избори за јубилејната 70-та, освојувајќи го првото место пред тимскиот колега Финецот Валтери Ботас. За ваквиот резултат на пистите денеска свој удел имаше и џентлменскиот потег на колегата од тимот возачи на „Мерцедес“ Ботас кој во текот на трката му даде предмост на Хамилтон. Овој гест го призна и самиот Хамилтон со изјавата за медиумите дека Ботас не „бркал“ резултат, а нему му била важна јубилејната бројка на победи со тимот на „Мерцедес“.

Британецот Луис Хамилтон третпат во кариерата беше најбрз на патеката во Сочи за Големата награда на Русија и по 16-та трка направи голем исчекор кон одбраната на титулата во „Формула еден шампионатот“. Втор на целта стаса Валтери Ботас со победа „еден - два“ за „Мерцедес“. По нив следуваа двајцата возачи на „Ферари“, Германецот Себастијан Фетел, кој се искачи на третото место од победничкиот подиум, додека четврти заврши Финецот Кими Раиконен.

Во текот на трката Ботас го задржа првото место при самиот старт, додека Хамилтон одолеа на налетите на Фетел при првите два свиоци на патеката. Болидите на Мерцедес не дозволуваа да бидат минати, по што кон средината на трката Ботас го пушти Хамилтон на чело на колоната, а потоа Финецот го чуваше Фетел на „сигурно растојание“, овозможувајќи му на својот тимски колега без многу мака да стигне до нова победа.

Фетел на крајот мораше да се задоволи само со третото место, пред Кими Раиконен од Ферари, зад кого следеа двајцата возачи на Ред бул, Ферстапен и Рикиардо, па потоа и Леклерк, Магнусен, Окон, Перез…

Претседателот Путин лично го додели пехарот на победникот

Од руското гран при во бодови влегоа, двајцата возачи на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верстапен и Австралиецот Даниел Рикиардо, потоа Чарлс Леклер од Монако на „Заубер“, Данецот Кевин Магнусон на „Хас“, Французинот Естебан Окон на „Форс Индија“ и неговиот тимски колега Мексиканецот Серхио Перес.

Во Генералниот пласман, Хамилтон ја зголеми предноста на врвот и сега води со 306 бодови, 50 повеќе од Фетел на второто место. Ботас сега е трет со 189 бодови.

Следниот викенд на седми октомври ќе се вози 17 трка на патеката Сузука за Големата награда на Јапонија.

 

Last modified on Недела, 30 Септември 2018 - 17:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.