Топ Новости

Трка на мирот со кајаци во Дојран

  • Петок, Ное 02 2018

 

 

Општина Дојран во сoработка со Бугарско-македонскиот младински клуб, Фондацијата „Бугарска патем“, „Југоисток плус“ и „Бугарскиот културен клуб, во недела во Дојран организира меморијална Трка на мирот.
Поводот е одбележувањето на 100 годишнината од крајот на Првата Светска Војна во име на Договорот за добрососедство со Република Бугарија и заеднички напредок и соработка.

Учесници на трката се професионални кајакари од Република Бугарија кои ќе се натпреваруваат во водите на Дојранското Езеро.

Оваа своевидна спортска атракција на професионалните кајакари, кои се реткост во водите на Дојран се очекува да привлече голем број посетители, поддржувачи на пријателството и спортски навивачи. Стартот на трката е во 9:30 часот на брегот од пред плажата под јаворите, а организаторите најавуваат четиричасовна атрактивна спортска атмосфера за сите посетители на „Трката на мирот“.

Познато е дека токму во дојранскиот регион се протегала линијата на Балканскиот фронт. Познат историски факт е дека 18-19 септември во 1918 година се одвивала третата битка кај Дојран, кога Грчките и Британските војници извршиле напад врз позициите на Бугарската Прва армија стационирана низ ридовите покрај Дојранското Езеро. Битката била дел од Првата светска војна и претставувалa дел од балканскиот фронт. Битката завршила со пораз на бугарските сили.

Наместо војници, сега спортисти со пријателска соработка со општина Дојран не' потсетуваат на настаните од минатото и новиот соживот кој треба да го градиме со соседите како европски земји и партнери.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.