Вардар со петта победа во квалификации на ЛШ

  • Сабота, Ное 03 2018

 

 

Со победа над Мешков Брест со резултат 30:23 Вардар има пет победи од шест одиграни натпревари во 6-то коло од квалификациите на Лигата на шампионите.

Херои на денешниот триумф беа сите во составот на Вардар, но ги предводеа Игор Карачиќ и резервниот голман Калифа Гебдане. Вардар славеше над Мешков со 30-23, но тешко кој можеше да прогнозира ваков епилог по првото полувреме. Додека гостите од Белорусија водеа во првото полувреме, вардарци успеаја да добијат предност во 16-та минута со 9:8. Сепак на пауза се отиде со изедначен резултат во првото полувреме. Тоа заврши со 14-14.

Мешков Брест беше поконкретен и во нападот и во одбраната и на стартот од второто полувреме, но не за долго. Вардар тешко доаѓаше до реализација, сепак, за среќа Игор Карачиќ беше во елемент. Хрватскиот бек успеваше да најде простор и го држеше „црвено-црните“ во игра, во 38 минута со осмиот погодок донесе и нова предност од 18-17, а веднаш потоа прв пат го однесе Вардар на +2 (19-17). Тоа беше клучниот момент во кој играта на Вардар доби на интензитет.

На осум минути пред крај, вардарци стигнаа и до највисоки +7 со третиот погодок на Даинис Криштопанс за 27-20 со што практично и беше решен победникот на овој меч. Точка на извонредниот финиш стави Гедбан со одбранетиот седмерец на Ѓукиќ за конечна победа на Вардар со 30-23.

Извонредна партија во составот на Вардар имаше Игор Карачиќ со 11 гола од 14 обиди. По шест погодоци за „црвено-црните“ постигнаа Иван Чупиќ и Тимур Дибиров. Кај Мешков Брест најефикасен беше Александер Шкурински со пет гола.

Следниот натпревар во ЛШ, Вардар повторно го игра на домашен терен, на 11 ноември кога во Скопје гостува Барселона.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.