Топ Новости

Хачанов го победи Ѓоковиќ на финалето во Париз

  • Недела, Ное 04 2018

 

 

Светскиот рекет број 1 пропушти своето место на АТП листата да го круниса со петта Мастер титула во Париз.
На патот му се испречи агресивната игра на 22 годишниот руски тенисер Карен Хачанов кој го збриша Ноле во два сета со резултат 7-5 и 6-4.
Благодарение на одличната игра, но користејќи го и очигледниот замор кај Ѓоковиќ по вчерашниот исцрпувачки полуфинален дуел со Федерер, младиот Русин не му дозволи ниту еден сет на противникот.
Ова беше само втор меѓусебен дуел на овие двајца тенисери. Првиот беше годинава на Вимблдон, а Ѓоковиќ славеше лесно во три сета.
Хачанов стана првиот руски тенисер кој по пауза од 12 години се враќа на тронот на парискиот мастер турнир, по освојувањето на титула Мастерс 1000 од Николај Давиденко во 2009 година.

За Ѓоковиќ заврши победничката серија по 22 дуела, а прекина и традицијата победи во финалињата на турнирот во Париз. Тој досега има четири титули од овој Мастерс.

Со освоената титула, Хачанов ќе дојде на најдобриот пласман на АТП листата веќе утре, ќе биде на 11 место. Ѓоковиќ пак ќе биде новиот лидер на ранкингот и ќе ја почне 224. недела во кариерата како најдобар во светот. Следен предизвик на Србинот е финалето на сезоната во Лондон, Хачанов чека шанса како еден од резервите.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.