Евробаскет Македонија-Косово во Гевгелија

  • Вторник, Ное 06 2018

 

 

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски потврди дека на 2 декември во Гевгелија ќе се одигра претквалификациониот натпревар за Евробаскет 2021 Македонија - Косово. Ова денеска го потврди и Македонската кошаркарска федерација која на својата ВЕБ страница напиша:

„Македонската кошаркарска федерација сака да му се заблагодари на градоначалникот Поцков, како и на градот Гевгелија за подадената рака како и за условите на одигрување на натпреварот – од комплексот хотели до спортската сала.
Ја цениме иницијативата на градоначалникот како и залагањето за да се оствари оваа соработка кое го покажа во изминатиот период. Со нетрпение го очекуваме 2. декември“, напиша МКФ на својата интернет страница.

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски и градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков денеска ја официјализираа соработката помеѓу двете страни. Градот Гевгелија, односно спортската сала „26 април“ ќе биде домаќин на нашата сениорска репрезентација која ќе се обиде да запише трета победа во низа во оваа фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

- „Од своето формирање пред две ипол децении, нашиот кошаркарски национален тим никогаш не играл во најјужниот град, а на прсти можат да се избројат натпреварите во другите градови, освен престолнината“, изјави Наумовски.

Последен пат македонската репрезентација играше надвор од Скопје на 14 септември 2016 година во квалификациите за Евробаскетот 2017. Противник ни беше Велика Британија која во Кавадарци славеше со 89:62, пишува порталот баскетбал.мк.

 

Фото: Официјализација на соработката со општина Гевгелија искажана и со подарување на дрес на македонската кошаркарска репрезентација за градоначалникот Поцков

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.