КФМ, селекторот и домаќинот Општина Гевгелија подготвени за претквалификациониот натпревар МК - Косово

  • Петок, Ное 30 2018

 

 

Победнички дух, добра игра и успех на теренот искажаа денеска организаторите на претквалификационата средба меѓу репрезентацијата на Македонија и Косово, во недела во Гевгелија, тоа се Кошаркарската Федерација на Македонија, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација и градоначалникот на општина Гевгелија.

- „Спортскиот настан има и своја симболика - европските квалификации за Евробаскет 2021 се одигруваат во градот кој е портата на Европа. Се надеваме дека оваа симболика и играта на теренот, со победнички дух ќе биде потврдена“ истакна на денешниот заеднички прес градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Селекторот на кошаркарската репрезентација Јорданчо Давитков не ги откри 12те играчи за натпреварот против Косово, само уверено додаде дека „играчите се
- „Се надевам со една добра игра и убава победа ќе им се оддолжиме на гевгеличани за организацијата и гостопримството исто така се надевам дека во другите квалификациони циклуси пак ќе играме во Гевгелија“, рече селекторот Давитков.

Генералниот секретар на кошаркарската Федерација, Владимир Темелковски на прес конференцијата за медиумите истакна дека: „Соработката со КК „Кожуф“ и контактите со општината не уверија дека Гевгелија ги има сите услови за одигрување на еден таков квалификациски натпревар од меѓународен карактер, заради фер навивачкиот дух на гевгеличани“

Посакаа да имаат победа и нова доверба да одиграат следен квалификационен натпревар за повисоките фази од турнусот за Евробаскет 2021 повторно во Гевгелија.



 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.