Топ Новости

Дуелот Македонија-Косово во Гевгелија донесе победа 78:68

  • Понеделник, Дек 03 2018

 

 

Во третиот квалификационен натпревар за Евробаскет 2021 Македонија ја совлада репрезентацијата на Косово со резултат 78:68, полувреме 39:35. 

Со вечерашниот натпревар кошаркарите на Македонија ја добија клучната битка во претквалификациите за Евробаскетот. Избраниците на Јорданчо Давитков по пауза од две години одиграа домашен натпревар надвор од Скопје, но тоа не им пречеше со сигурна, атрактивна и допадлива кошарка во салата „26 април“ во Гевгелија да ја задоволат локалната публика со заслужена победа. 

Со оваа победа Македонија ги собра потребните два бода за да остане на лидерската позиција на табелата во групата Б и премногу е близу до пласман во следната фаза во борбата за местата кои водат на континенталниот собир. До крајот има уште еден меч, против Романија, кој дури и да се загуби, поразот не треба да биде со повисока разлика од 14 поени. 

 

Нашите кошаркари, носени од фантастична атмосфера во гевгелиската сала, уште од самиот старт покажаа моќ и веднаш успеаја резултатски да се одлепат.
Црвено-жолтите започнаа фуриозно, па во првата четвртина на два пати имаа и имаа и 16 поени предност. Сепак во втората, гостите успеаја да ги консолидираат редовите и на полувреме да заминат само со четири поени негатива 39-35.
Во вториот дел нашите репрезентативци одново ја презедоа играта во свои раце, па во 35-минута имаа и највисоки 17 поени предност 75-58, за на крајот да славата со 10 поени разлика 78-68. 

Најдобар поединец на мечот беше Бојан Трајковски со „дабл-дабл“ ефект од 23 поени и 13 скока, додека Шејн Витингтон реализира 15 поени. Одличен беше и Војдан Стојановски со 13 поени. Кај Косово прво име беше Дардан Бериша со 19 поени. 

Последниот меч од втората претквалификациска фаза Македонија ќе го игра на 21 февруари следната година, кога ќе гостува во Клуж кај Романците.

 

 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.