Меморијал во чест на Д-р Георги Петков

  • Петок, Дек 14 2018

 

 

Искачување на врвот Мала Рупа (2.004 м.н.в.) на Кожуф планина во организација на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија следната 2019 година ќе биде во чест и сеќавање на починатиот гевгелиски планинар и алпинист, д-р Георги Петков.

Ова е одлучено и програмски нотирано во каленрадот на републички акции што ги организира Здружениеот на планинарски спортски клуб „Кожуф“ чиј долгогодишен член беше д-р Георги Петков, а финансиски и календарски поддржано од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за 2019 година.

И двата спортски субјекти најавуваат дека овој меморијал ќе се погрижат да прерасне во традиционален во чест на петтиот македонски патник кон висините на највисокиот врв на светот Монт Еверест од планинскиот масив на Хималаите.
Петков ја немаше среќата да биде овековечен со трофејна фотографија и запис за освојувањето на највисоката точка на светот, со неговата трагична смрт во мисијата за искачување на Еверсет, организирана оваа пролет 2018. Тој беше единствен македонски член на седумчлената меѓународна експедиција - Еверест 2018. Неговата трагична смрт на 7.200 метри од највисокиот врв на Хималаите - Монт Еверест ги наполни светските медиуми со несреќната вест за „Македонски алпинист кој почина на Еверсет“.
Доктор Петков годинава, на 20 мај, во текот на Еверест експедицијата 2018 ја изгуби битката со висините во недостаток на кислород и почина во обид на искачување од „cardiac arrest“.
Во сеќавање на неговиот подвиг колегите планинари од Гевгелија и Македонија со искачување на Мала Рупа, врв на неговата сакана Кожуф планина на 19 мај следната 2019 година со планинарски меморијал ќе му оддадат едногодишно чествување, сеќавање и спомен за нивниот неуморен планинар, посветен доктор инфектолог, хуманист, човек и пред се' другар со сите.

Од ЗПСК „Кожуф“ како организатори на меморијалот изјавуваат:
- „Д-р Ѓеорги Петков кој беше еден од најактивните високогорци во нашиот Клуб, и во изминативе години ги имаше искачено врвовите Арарат (5.137 м.н.в.), Аконкагва (6.962 м.), Килиманџаро (5.895 м.), Елбрус (5.642 м.), Пик Ленин (7.134 м.), Исланд Пик (6.198 м.) учествуваше и во експедиција за искачување на највисокиот врв на Аљаска, Денали (6.190м). Во 2018 Георги учествуваше во експедиција за искачување на највисокиот врв на светот Еверест (8.848 м.) каде при последниот дел од искачувањето добива срцев удар и почина. Како негов матичен Клуб, чувствуваме должност спрема неговиот лик и дело, и сета заложба и љубов која тој ја даваше за планините и планинарскиот спорт, да го организираме овој меморијал“, велат од гевгелискиот планинарски спортски клуб.

Фото:  Георги Петков отпоздравува до пријателите на фесбук со кои комуницираше додека беше на експедиција на Еверест - локација Кумбу Глечер на Хималаите

Врвот Мала Рупа се наоѓа на планината Кожуф на самата граница помеѓу Македонија и Грција, помеѓу врвовите Сува Рупа (1.960 м.) и врв К-92 (2.102 м.). Кога сте на самиот врв и гледате кон Македонска страна пред вас се издигнува врвот Чичи Каја 1.767 м. а од другата страна кон Грција се гледат неколку грчки села како и планината Пајак. Поглед достоен за секој љубител на висините и место од каде планинарите ќе се сеќаваат на својот другар по планините и висините, д-р Петков.

Траста на искачување е долга 22 километри во двата правца (искачување и враќање), со висинска разлика од 1.355 метри надморска височина и е категоризирана во групата на НАПОРНИ патеки.
Маршута на искачување започнува од местото Алчак (Шутка) (1.650 м.н.в.) - Таблата - Марково езеро (2.035 м.н.в.) - врв Мала Рупа (2.004 м.н.в.) - врв К-92 (2.102 м.н.в.) и пак враќање до - Таблата и Алчак, на стартот од 1.650 метри надморска височина.

19 мај 2019 - планинарите во спомен на хималајскиот патник од Гевгелија, со Меморијал Д-р Георги Петков!

Поздрав од висините за тебе голем човеку!

Фото: Георги Петков со членовите на меѓународната експедиција Еверест 2018 на локална молитвена церемонија на Хималаите кога членовите на меѓународната експедиција учествуваат на тамошен верски обред за да имаат добар прием од планината пред последното искачување на врвот Монт Еверест


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.