Од Конско до Серменин - планинарска акција на родители со деца

  • Вторник, Дек 18 2018

 

 

Траса долга осум километри од Конско до Серменин пропешачија изминатиот викенд неколку десетици учесници на првата акција „родители и деца во природа“ организирана од гевгелискиот планинарски спортски клуб „Кожуф“.

Акцијата започна од Планинарскиот Дом „Томе Шутов - Кротки“ кој се наоѓа во подножјето на Кожуф планина во с.Конско, каде децата и нивните родители беа топло дочекани со домашна алва и планински чај, припремени од членовите на гевгелискиот планинарски Клуб.
Со чајот в рака дечињата беа запознаени од домаќините за знаменитостите на овој крај, за некогашното училиште денес планинарски дом, во кој еден дел функционира како музејска поставка за село Конско. Децата љубопитно со поглед го обиколија секое ќоше од истиот.


Закрепнати тргнаа по планинарски зацртаната маршута. Љубопитноста и воодушевувањето од природата, веселиот дух и енергијата ги водеше децата цел пат, без ни малку да ги заплаши нестабилното и врнежливо време. Крајната дестинација беше с.Серменин, лоциран на 540 метри надморска височина од Кожуф планина.

Кога пристигнаа до целната дестинација се сместија за кратка почивка и закрепнување во етно комплексот „Серменински Чардак“. Овде планинарите со децата беа дочекани и нагостени од нашата сограѓанка и голем пријател на ЗПСК „КОЖУФ“, Васка Јанева која воедно е и помагател и поддржувач за реализација на оваа акција.

- „Убаво се стопливме, се нагостивме со домашни колачи и планински чај, се припремивме за назад и полека се вративме. Се разделивме малку уморни, но среќни, малку мокри, но полни со спомени. Си ветивме дека наскоро повторно ќе се дружиме...“, велат организаторите.

На оваа акција беа пријавени поголем број родители и деца, но поради лошите временски услови и врнежите од дожд бројот на учесници беше значително помал од најавените.

Оваа акција го означи почетокот на новиот проект на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија кој ги опфаќа најмладите и чија цел е запознавање на децата со природата и создавање здрави навики од рана возраст. Ова беше прва акција од ваков тип и истата е само најава за новостите и проектите кои следат во наредната 2019 г. во заедничка соработка со училиштата од Општина Гевгелија и Општина Богданци со кои Клубот има потпишано меморандуми за соработка.



 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.