Хуманитарна трка за болните од Пулмонална хипертензија и Фибриоза

Сабота, 22 Декември 2018

Утрешниот неделен ден, 23 декември ќе биде во знакот на хуманитарниот маратон од Струмица до Гевгелија, долг 50 километри, посветен на болните од Пулмонална хипертензија и Пулмонална Фибриоза

 

 

Утрешниот неделен ден, 23 декември ќе биде во знакот на хуманитарниот маратон од Струмица до Гевгелија, долг 50 километри, посветен на болните од Пулмонална хпертензија и Пулмонална Фибриоза.

Организатори на маратонот се Здружението за ПХ „МОМЕНТ ПЛУС“ од Гевгелија и Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“,Струмица, а на иницијатива на нашинецот од Швајцарија, Николчо Георгиев. Овој несекојдневен спортски настана на кој веќе му се придружија за учество 30-на спортисти и рекреативци од Македонија има за цел подигање на свеста за постоењето на оваа ретка болест и потребата од соодветен третман на заболените од здравствените институции. Пред се се мисли на обезбедување на потребната медикаментска терапија која е многу скапа, да биде одобрена на позитивната листа од страна на Министерството за здравство на РМ, за да можат пациентите да ја набавуваат преку партиципација. Тоа многу би ја олеснило нивната секојдневна битка со болеста која месечно ги чини по 1.500 евра за одржување во живот.

Долгогодишниот маратонец и инспиратор на маратонот, струмичанецот Николчо Георгиев, за овој хуманитарен спортски настан вели дека има за цел да предизвика видливост на проблемот со кои се соочуваат болните од оваа ретка, тешка и смртоносна болест. На трасата која ќе се протега од Струмица, преку с. Костурино, село Фукра, Богданци, па до Гевгелија ќе му се придружи рекреативниот маратонец Валентина Узунова од Богданци. Таа вели дека досега учествувала на повеќе трки во име на болните од Пулмонална хипертензија и пулмонална фибриоза, за луѓето кои се борат за здив, и очекува поголем број на сограѓани да се придружат на маратонот утре, барем од местата низ кои ќе поминува хуманитарниот маратон.

Стартот е во 9:00 часот од плоштадот Гоце Делчев во Струмица, а финишот е на плоштадот во Гевгелија околу 14:30 часот.

Маратонците ќе ги придружуват и неколкумина велосипедисти од струмичкиот клуб „Актив“. Целата траса ќе биде придружувана од полициско возило и комбе за тие што ќе сакат да се откажат поради премореност. Организаторите предвидуваат точки за закпрепнување на тркачите и тоа во Костурино (на 12,5 километри од стартот), кај село Фурка - на раскрсницата од патот за Дојран и Богданци (што е 30 км од старот) и на плоштадот во Богданци, што е растојание од 40,5 километри од стартот.

Секој од заинтересираните кој ќе сака да се приклучи на хуманитарниот настан може да се придружи и да трча во знак на видливост и за поддршка на луѓето кои се борат за здив со овие тешки белодробни заболувања.

На гевгеличани им останува да им посакаат добредојде на маратонците на плоштадот, во најавениот термин од 14:30 до 16 часот, недела 23, декември.


Инаку, организаторите своите барања и иницијативи, како организационо, така и институционално ги поставувале пред Министерството за здравство и оттаму веќе има најава дека „сите пациенти со Пулмонална Хипертензија ќе бидат регистрирани и за сите ќе биде обезбедено терапија без разлика на тоа дали болеста е примарна или здобиена од некоја друга болест“.
За сите со пулмонална хипертензија отсега ќе има лекови на позитивна листа“, договорено е помеѓу Министерството за здравство и Асоцијацијата за пулмонална хипертензија „Момент плус“, чиј претставник е гевгеличанката Ѓургица Ќаева.

Last modified on Сабота, 22 Декември 2018 - 18:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од Стојаково до Пекинг со ново македонско-грчко пријателство

Дека патувањата зближуваат докажува и последната информација која ја добиваме

Повеќе

Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде

Повеќе

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на

Повеќе

Поставување на нови успорувачи низ улиците во Гевгелија

Работна екипа на фирмата „Ве груп“ од Радовиш денешниот неделен ден е на терен

Повеќе

Зголемен прометот на ГП Богородица, полицијата дели вода на патниците

Годишноодморските смени кои се изведуваат секој десетти ден во месецот и викенд

Повеќе

Од викендов издавање дозволи за риболов на Дојранско езеро

Новиот концесионер на Дојранското Езеро "Костреж 2018" од с.Николич упати

Повеќе

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.