Врвот Мусала под нозете на гевгелиските планинари од „Двете уши“

Вторник, 26 Февруари 2019

Видео: Балканскиот првенец по висина, врвот Мусала (2.925 мнв) од Рила, Бугарија, викендов беше искачен од членови на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија

 

 

Балканскиот првенец по висина, врвот Мусала (2.925 метри надморска височина) од планината Рила во Бугарија, викендов беше предизвик и успешна мисија во искачување на членови на планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија.

Во ова зимско искачување учествуваа петмина членови на гевгелискиот планинарски спортски клуб: Јован Чалков, Пепи Аврамов, Блаже Ташков, Ристо Картов и Каракамишев Златко. Водич на акцијата беше Јован Чалков.
Познати се пролетните искачувања на Мусала, но зимското искачување е посебен предизвик и ризик на неискусните. Така, нашите самоуверени во висините гевгелиски планинари ни пружија несекојдневен извештај за својот подвик, со слика и снимка од предизвикот наречен Мусала.

- „Зимското искачување започна од 1.300 м.н.в од Боровец по Мусаленска патека. Иако имаше можност да се користи жичара, ова искачување за прв пат го прават планинари од Гевгелија во зимски услови по оваа патека и тоа се со цел да ја покажеме убавината на овој планинарски спорт“, велат од тимот на „Двете уши“.

Првиот ден патеката се движеше од Боровец 1.300 м.н.в по Мусаленската патека па се до Хижа Мусала 2.300 м.н.в. Овој ден имавме искачување од 1.000 метри висинска разлика со должина на патеката од 11 км. Искачувањето до Хижа Мусала беше во времетраење од 4 часа и 50 минути по ниски температури од околу -10 степени, со попатни врнежи од снег и веќе наврнати 25 сантиметри снег од претходниот ден, а пред Хижа Мусала новиот снег достигнуваше и до 50 сантиметри со што ни го отежна движењето.
По пристигнувањето во хижата и сместувањето учесниците се припремија за искачувањето на врвот Мусала 2.925 м.н.в наредниот ден 24.02.2019. Искачувањето од Хижа Мусала започна во раните утрински часови по температури од -15 до -18 степени. Искачувањето траеше 2 часа и 15 минути со должина на патеката од околу 4 км и 600 метри искачување.
На врвот успешно пристигнаа сите учесници каде што ги пречекаа топлиот чај од планинарскиот дом на врвот, прекрасната глетка, сончевото време и -23степени.



По кратка пауза на врвот решивме полека да се спуштаме кон Боровец. Тој ден имавме искачување од 600 метри и спуштање од 1.600 метри висинска разлика. На враќање кон Боровец се движевме брзо и слободно можам да кажам дека бевме во мала трка со скијачите кои што имаа изнајмено инструктори. Должината на севкупното искачување беше 30 км со висинска разлика од 1.600 метри.

Резиме: Седум часа по снежните патеки на Рила планина, совладана висинска разлика од 1.600 метри и пропешачени 30 километри по стрмнините на Мусала. Ова е подвигот за кој „Двете уши“ направија и пригодно видео.


Тренингот на зимските делници беше реализиран со првото зимско искачување највисокиот врв на Кожуф планина Зелен Брег со висина од 2.172 м.н.в. во која учество зедоа Јован Чалков, Ристо Картов, Владо Ангеловски и Пепи Аврамов.

Додека гевгеличани се нервираат со ветрот во февруари, неуморните планинари ги газат снеговите и врвовите на Балканот. Браво. 

 

Last modified on Вторник, 26 Февруари 2019 - 17:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.