Македонец со оштетен вид ја искачи Аконкагва

Среда, 27 Февруари 2019

Македонскиот планинар Стоицев успеа да ја искачи Аконкагва иако е со оштетен вид и стана втор во светот кој направил таков подвиг

 

 

Македонскиот планинар Стоилко Стоицев успешно го искачи и се симна од врвот Аконкагва кој се наоѓа на 6.962 метри надморска височина. Податокот дека Стоилко е лице со инвалидитет, со оштетен вид го прави подвигот несекојдневен. Тој стана вториот планинар во светот со таков инвалидитет кој го реализирал истиот подвиг - искачувањето на Аконкагва.

Од неговиот клуб „Македон“ од Скопје, каде тој активно членува изјавуваат:
- „Огромен успех за него. Столе стана првиот човек од Македонија кој со својот инвалидитет, оштетен вид од 90% го искачи највисокиот врв во Јужна Америка и можеби неофицилјално само втор во светот со ваков проблем кој успеал на Аконкагва. Честитки за Столе“, искрено изјавуваат од неговото планинарско друштво.

Сезонава Аконкагва ја искачија и членови на планинарскиот клуб „Мамути“, а Александар Кирковски постави рекорд на Балканот во качување и симнување под 10 часа.

Инаку, Стоилко Стоицев е добитник на наградата ФЕНИКС за постигнувања во областа на планинарењето во 2017 година, што го доделува Општина Центар. Минатата година Стоицев успешно се искачи на највисокиот врв во Европа - Елбрус 5.642 мнв). За ова искачување тој беше добитник на награда за најуспешен спортист со хендикеп (оштетен вид) од страна на Град Скопје.

 

Фото: Во базниот камп Плаза де Мулас на висина од 4.300 мнв - Стоилко Стоицев

 

Last modified on Среда, 27 Февруари 2019 - 16:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.