КК „Кожуф“ победи во Куманово, „Блокотехна“ го надигра „Вардар“

  • Недела, Мар 03 2019

 

 

На гостувањето кај директниот ривал Куманово, Кожув победи со 73:79 и си обезбеди предност на крајот од основниот дел од сезоната. Сега гевгеличани имаат биланс 8:7, а кумановци 7:8 и во случај на ист број бодови, Кожув ќе ја освои шестата позиција.

На овој натпревар гостите постојано беа во водство, почнаа со 0:4, подоцна имаа 2:10, а на крајот на првата четвртина беше 19:26. Највисоката предност Кожув ја имаше кон средината на вториот период кога поведе со 11 разлика (21:32).

И во последните две минути се влезе со еден поен предност во корист на Кожув. Гевгеличани не беа многу сигурни во нападот, но функционираше нивниот офанзивен скок, кога беше најпотребно прибраа неколку топки и ја сочуваа предноста. Вкупниот број скокови не е далеку на страната на Кожув (40:38, 12:9 во офанзивни), но тие дојдоа во клучните моменти.

Игор Кесар со 23 поени беше најефикасен во гостинската екипа, а одличен натпревар против својот поранешен тим одигра и Караколев кој постигна 16 поени. Кај Куманово, Думиќ оствари дабл-дабл со 13 поени и 12 асистенции, но имаше и 9 загубени топки.

Во дуелот одигран во Гевгелија, вториот гевгелиски кошаркарски тим „Блокотехна“, обезбеди очекувана победа над скопски Вардар со 98:76. Избраниците на Марјан Илиевски одиграа силно прво полувреме, направија висока предност, која во вториот дел од мечот само умешно ја одржуваа за обезбедување на 13-тата сезонска победа.


КУМАНОВО - КОЖУВ       73:79   (19:26, 15:14, 22:22, 17:17)

БЛОКОТЕХНА - ВАРДАР   98:76   (27:16, 26:20, 23:19, 22:21)

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.