Два планински врва од Пајак-Грција искачени од гевгелиски планинари

Понеделник, 11 Март 2019

Врвовите  Еклисаки (Εκκλησάκι - 1529μ) и Метериси (Μετερίζι - 1595μ) од планината Пајак во Грција викендов беа искачени од членовите на ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија

 

 

Врвовите Еклисаки (Εκκλησάκι - 1529μ) и Метериси (Μετερίζι - 1595μ) од планината Пајак во Грција викендов беа искачени од членовите на ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија.

Акцијата беше во организација на гевгелискиот спортски планинарски клуб и на истата учество зедоа 25 планинари, од кои 20 членови на ЗСПК „Кожуф“ и петмина од Скопски планинарски клуб.

Целна дестинација на меѓународната акција беа двата врва на опеаната Пајак Планина во македонските народни песни, а поводот беше планинарски и акцијашки да се одбележи Меѓународниот ден на жената 8-март.

- „Стартот на акцијата започна од старото напуштено село Кромни (Κρώμνη) кое се наоѓа во пазувите на Пајак планина. Првичното македонско име на оваа село било Корнишор, по информации добиени од пријател кој живее во Грција, а по потекло е македонец. Тој ги запозна македонските планинари за историската знаменитост на неговото село, односно дека од селото Корнишор започнало Илинденското востание за тогашните територии на Ениџе Вардар, Кукуш и Гевгелиско со војводите Апостол Петков, Крсто Асенов и Аргир Манасиев, а во црквата Св.Никола во селото Корнишор од каде го стартувавме нашето искачување кон врвовите на Пајак се наоѓа и гробот на Крсто Асенов“, изјави Ристо Каркалашев, претседател на ЗСПК „Кожуф“.

Следна дестинација од маршрутата беше локацијата до малото езерце Црвена Бара, а оттука планинарите се упатија кон врвовите Εκκλησάκι (1529 мнв) - Μετερίζι (1595 мнв.) секој со својата физичка спремност, некои до еден, а поупорните и до двата врва. Сите учесници пристигнаа до езерцето, а врвовите беа предизвик за неуморните за висини и остварувања.
Патеката беше со вкупна растојание од 19 километри, а освоената висинска разлика изнесуваше 1.120 метри.

Инаку, Метеори важи за трет по висина врв на Пајак, а Еклисаки е до него, понизок за 66 метри.

Оваа акција во соседна Грција членовите на ЗСПК „Кожуф“ ја организираат како 11-та активност од нивната годишна програма за работа. Истата беше посветена на Меѓународниот ден на жената и на пауза, на враќање во градот Јаница (Ениџе Вардарско) им приедија посебно внимание на своите членки и учеснички на акцијата.



Следни активности на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија планирани за овој месец ќе бидат посветени на младите и подмладокот на планинарските спортови. Со веќе воспоставената соработка со училиштата од општината и соседните општини од регионот, ќе биде организиарана акција за искачување на висините на Кожуф со ученици од училиштата од Гевгелија и Богданци.

 

Last modified on Понеделник, 11 Март 2019 - 05:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.