Вардар го надиграа Мешков Брест во СЕХА Лигата

Вторник, 02 Април 2019

Вардар избори трето СЕХА-финале по ред: Лекција за Мешков среде Брест во Белорусија

 

 

Македонскиот шампион Вардар вечерва во „Викторија Арена“ го совлада Мешков Брест со 25-23 (14-10). Со тоа обезбеди игра во третото финале по ред во СЕХА лигата, откако ја расипа белоруската забава на гостински терен. „Црвено-црните“ одиграа доволно да го надиграат тимот на Каденас и да се изборат за можност за петта круна во регионалната лига.

Дуелот започна израмнето и со наизменични реализации од двете страни. Кога Разгор во 8-та минута погоди од транзиција, Белорусите првпат поведоа со +2. Бранителот на титулата возврати и Чупиќ и Стоилов брзо израмнија на 5-5.

Точно на средина од првиот дел, одбраната на Вардар заврши лавовски дел од работата и Дибиров од контра донесе прва вардарова предност (7-6).
Разликата ја направи одбраната на „црвено-црните“ и по одбраната на зицер на Милосављев, Игор Карачиќ погоди на празна мрежа за +4. Иако и Пешиќ беше расположен, сепак разликата ја направи Милосављев и Вардар на одмор замина со 14-10, откако Кристопанс постигна супер-гол со звукот на сирената.

Белорусите подобри го отворија вториот дел и Обрановиќ и Ивиќ погодија за 14-12. Со само еден гол во 12 минути, Вардар затаи, па Шумак од линијата од шест метри погоди за 17-16.

Со серија израмнување се влезе во последните десет минути. Одбраната на Вардар и Милосављев како во најдобрите денови ги одби домашните обиди и македонскиот шампион без треперење го доби дуелот со 25-23.

Најдобри поединци во таборот на Вардар беа Стоилов со седум и Кристопанс со пет погодоци, а кај домашниот Мешков Брест одлично одигра Ѓорѓиќ и Баранау со по три гола. Милосављев блескаше со 15 интервенции, а одличен беше и Пешиќ со 11 одбранети топки.

Потег на натпреварот:

 



Играч на натпреварот:

 



Финалниот натпревар против ППД Загреб се игра утре во 19:00 часот во „Викторија Арена“. 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.