Топ Новости

Вардар по трет пат првак во СЕХА лигата

  • Среда, Апр 03 2019

Со победа во финалето над екипата на Загреб со резултат 26-23 македонските ракометари најдобри во регионалната европска лига - СЕХА шампион 

 

 

- „Трета титула по ред, петта од осум. Груба игра, тоа го очекувавме, за жал нема преголемо славје бидејќи го изгубивме Дисингер. Воопшто не е наивно, затоа немаше преголемо славје. Оваа победа му ја посветуваме на Дисингер“ – вели капитенот на тимот на „Вардар“ Стоилов.

Вардар останува владетел на регионалниот ракомет откако македонскиот првак го одбрани трофејот во СЕХА-лигата, во финалето совладувајќи го Загреб со резултат 26-23. Роберто Парондо доби уште една тактичка битка со Бранко Тамше, „вардарци“ брзо е разбудија по бавниот старт и сосема заслужено стигнаа до големиот пехар, како награда за одличната сезона. Воедно, овој триумф значеше и набивање на комплекс на Загреб, тим што македонскиот првак го елиминираше од ЛШ, а сега му зеде мерка и во СЕХА-лигата. За жал, победата беше скапо платена со повредата на Дисингер, за кого оваа сезона дефинитивно е завршена.

Тамше се реши за зона пет – еден во одбраната, со Мандиќ како чувар со посебно внимание на Криштопанс, создавајќи им на „вардарци“ многу проблеми во почетните минути. Хрватскиот првак беше подобар во почетните десетина минути, набрзина поведе со 4-7, но тоа се промени откако Роберто Парондо побара тајмаут. Шпанскиот стратег промени неколку детали во играта, па Вардар веднаш делуваше многу подобро на теренот. Со три брзи гола набрзина се стигна до израмнување, а од ритам не беа исфрлени ниту по директниот црвен картон што го доби Мораеш.

Шокот во играта на „вардарци“ беше очигледен на стартот од второто полувреме, во првите пет минути не беше постигнат ниту еден гол, пред Чупиќ конечно да го најде патот до мрежата на противникот.

Кога на шест минути до крајот Вардар имаше предност од 24-20, напад и играч повеќе, се чинеше дека финалето е решено, но промашениот цепелин на „црвено-црните“ им даде крилја на противниците, кои набрзина намалија на 24-22, а по едно неодговорно додавање на Карачиќ, Хорват од контранапад стигна до 24-23. И повторно кога е најважно за Вардар – тука е Столе Стоилов, капитенот се најде на вистинското место по една одбиена топка и ја смести во мрежата на Загреб, за водство од 25-23 на 90 секунди до крајот од финалето. Тамше зеде тајмаут, но Милосављев го одбрани ударот на Мраковчиќ, со што стави печат на големата победа, изразена со конечни 26-23.

Криштопанс со седум гола беше прв стрелец на Вардар во ова финале, Скубе даде шест погодоци од исто толку обиди, додека Милосављев имаше осум успешни интервенции.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.