Валандово се подготвува за фестивалскиот месец

Понеделник, 13 Мај 2019

Последните денови од тековниот месец, 30 и 31 мај годинава Валандово ќе пулсира со песните на 34-то годинашно издание на „Фолк Фест“ Валандово.

Сите детали за овогодинешното издание на „Фолк Фест Валандово“ ќе бидат објавени на прес-конференцијата која е закажана за 21-ви мај во просториите на ЕЛС Валандово. На прес конференцијата најавено е дека ќе се обратат Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, членовите на Фестиввалскиот Програмски Совет Живоин Глишиќ, Методија Автовски и Ѓоко Павлов како и водителите Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев.

Истиот настан ќе продолжи со ждрепка за избор на редоследот на учесниците во втората натпреварувачка вечер која ќе се одржи на 31 мај.

Организатор на фестивалот е општина Валандово, а главен покровител на валандовскиот „Фолк фест 2019“ е Министерството за култура на Република Македонија. Општината на почетокот од годината објави меѓународен тендер за конкурс за песни кои ќе бидат изведени на фестивалската сцена на Домот на културата во Валандово. Нотните пулсирања со звуците на македонската народна песна ќе бидат во две фестивалски вечер, едната ревијална и другата натпреварувачка со нови 20 народни песни.

Веќе е познат наградниот фонд за најдобрите песни и наградните категории. Ќе бидат доделени осум парични награди, и тоа за прво место – износ од 1.500 евра, за второ – износ од 1.000 евра и за трето место – 750 евра. Освен за најдобрите три песни на Фолк фест Валандово ќе бидат доделени и награди за најдобра вокална изведба, најдобар аранжман, најдобар дебитант, најдобар текст и најдобар сценски настап, сите вредни по 500 евра.

Министерството за култура на Република Македонија го поддржа финансиски овој традиционален културен настан со сума од 1.000.000 денари доделени преку Програмата за култура за 2019 година. Иако тоа е само 1/4 од минатогодишниот фонд на фестивалот, организаторот не се откажа од својата традиција да го реализира фестивалскиот настан на задоволство на публиката и валандовските уживатели на песната и народното музичко творештво.

 

Last modified on Понеделник, 13 Мај 2019 - 20:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.