Сообраќаен режим со Елвис Присли

Понеделник, 08 Јули 2019

Во германски град Бад Нојхајм сообраќајот ќе го регулира Кралот на рокенролот Елвис Присли. Ова е фигуративно кажано, но и вистински опис за изгледот на новите семафори во овој град кои имаат сигнални светла со карактеристичната силуета на Елвис Присли.

На семафорот може да се види препознатливиот лик на Елвис со раширените раце и гитара кога е црвено светло, а кога се пали зеленото светло ликот опуштено шета.

„Тоа не е само шега, бидејќи срцата на обожавателите на Елвис Присли сега ќе чукаат малку побрзо“, рекол градоначалникот на Бад Нојхајм, Клаус Крес.

Градот сака да оддаде почит на легендарниот музичар кој бил стациониран во соседниот град Фридберг меѓу 1958 и 1960 година. Соседните градови претходно имаат поставено слични семафори со ликот на Елвис.


Last modified on Понеделник, 08 Јули 2019 - 13:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.