Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

„Медена земја“ истисната од „Американска фабрика“ во категоријата најдобар документарен филм

Понеделник, 10 Февруари 2020

На вечерашното 92-ро издание на Оскарите нашиот кандидат за два оскари, во категоријата за документарен филм и во категоријата за странски филм, остана истиснат од филмот „Американска фабрика“ кој доаѓа од продукциската куќа на Мишел и Барак Обама. Иако фаборит и наградуван токму во категоријата за документаристиката, гласовите од членовите на Американската филмска академија отидоа за американскиот кандидат. Конкуренцијата беше пополнета со филмови од Македонија, Бразил, Сирија и Јужна Кореа. Нашиот кандидат беше спомнат од добитниците дека им било чест да бдат во друштво со таква конкуренција од Македонија.

Меѓу досега наградените со златната статуетка на Американската филмскаакадемија се: Бред Пит оскар за најдобра споредна машка улига, „Приказна за играчките 4“ доби оскар за најдобар анимиран филм, „Паразит“ освои Оскар за најдобро сценарио, „Џоџо Рабит“ за најдобро адаптирано сценарио, за најдобар продукциски дизајн оскарот го доби филмот „Беше еднаш во Холивуд“, оскар за најдобар костим дизајн доби филмот „Мали жени“.

Нашата екипа, тимот на „Медена земја“ продефилираа гордо на црвениот тепих испишувајќи ја македонската историја со две номинации за оскар во две категории, што е секако забележително остварување и успех.

Атиџе на почетокот од церемонијата изјави дека е возбудена и се надева барем на еден Оскар за „Медена земја“.

До крајот на Ноќта на Оскарите остануваат за прогласување добитниците на уште 14 категории, од вкупно 24 категории кои ги цени и наградува Американската филмска академија.


Last modified on Понеделник, 10 Февруари 2020 - 04:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.