Том Круз со нова љубов

Четврток, 13 Септември 2018

По три пропаднати бракови со холивудски актерки, 56-годишниот Том не се откажува од љубовта

 

 

По три пропаднати бракови со холивудски актерки, 56-годишниот Том не се откажува од љубовта.
Неодамна во Лос Анџелес фотографите го „уловиле“ во објективот во друштво со непозната плавуша. Прошетката им била лежерна. Добро упатените велат дека се работи за негова лична асистентка.

Со оглед на тоа што славниот глумец не бил во сериозна врска од 2012 година, кога се разведе од последната, трета сопруга, актерката Кејти Холмс, со која ја има 12 годишната ќерка Сури, секоја негова појава во јавноста со припадничка од поубавиот пол веднаш предизвикува голем интерес како во јавноста, така и во медиумите.

По последниот развод Том се „фрли“ на работа, сними повеќе филмови, а медиумите бележат дека 4 години не ја видел својата биолошка ќерка, Сури.

Херојот од „Невозможна мисија“,„Роден на 4-ти јули“, „Дождовен човек“, „Војна на световите“, „Топ Ган“, „Денови на грмотевицата“, „Бојата на парите“ каде играше со легендата Пол Њумен, „Џери Мегваер“, „Последниот самурај“,  „На работ од утре“ и други филмски хитови, близу четири децении е на филмското платно. Првиот брак го склучи со актерката Мими Роџерс, а вториот со Никол Кидман, со која заедно имаат две посвоени деца. 

Том е голем поборник на сциентологијата во која го вовела првата сопруга Мини. Контраверзиите што произлегоа од барањата на оваа религија во водењето на животот на актерот, кој е и најголем донатор на оваа религија, одат до таму што се вели дека токму сциентологијата е виновна за трите пропаднати брака на Том.

Том е со години залуден по верата за која познавачите велат дека не е ништо друго освен чисто „перење на мозокот“ за извлекување на големи парични донации од славните следбеници.

Last modified on Четврток, 13 Септември 2018 - 02:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.