Топ Новости

Џоан Колинс стана заштитно лице на „Валентино“

Сабота, 23 Ноември 2019

Иако е навлезена во деветтата деценија од животот, популарната Алексис од „Династија“ со своите 86 години уште е атрактивна, модерна, средена, со завидна линија за нејзините години со што секако привлекува внимание. Деновиве сними празнична реклама за модниот бренд „Валентино“, станувајќи заштитно лице на најновата кампања на светски познатиот дизајнер. Со круна на главата, Џоан Колинс танцува во црвен фустан од Валентино.

- „Се надевам дека луѓето ќе трошат повеќе пари на облека, затоа што никој не се дотерува повеќе. Ако се дотераш, луѓето зјапаат во тебе или ти дадваат зајадливи забелешки… Можеби не зајадливи, но ќе речат „Види се колку си дотерана“. Тоа ми е жално, затоа што ќе дојде крајот на купување елегантна облека. Сите жени ќе завршат во фармерки и маички, што сметам дека е трагично“, рече Колинс во едно интервју за „Вог“.

Таа остана со годините верна на својот имиџ од популарната сериија „Династија“ каде како прва сопруга на богатиот бизнисмен Карингтон не го заборави луксузот, гардеробата, накитот, уредните фризури и шминки, и таква остана во сите следни улоги, дури и во приватниот живот.

 

Last modified on Сабота, 23 Ноември 2019 - 15:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

Богданчанец измамил такси компании од Кавадарци и заработил пријави во Полиција

Богданчанецот Г.К. бил пријавен во ОВР Кавадарци во два наврати за измама на

Повеќе

Јануарска градежна офанзива на општина Гевгелија тешка 373.742 евра

Во првата декада од јануари, со почетокот на календарската и новата фискална

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.