Топ Новости >

Денес се одбележуваат 37 години од раѓањето на Тоше Проески

  • Четврток, Јан 25 2018

{flike}


На 25-ти јануари (на денешен ден) Тоше требаше да наполни 37 години. По овој повод, Фондацијата „Тоше Проески“, заедно со локалните власти и средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, во спомен-куќата на Тоше, денеска организираат музичка манифестација, која ќе следува по посетата на неговиот гроб на Гумење.

Да беше меѓу нас, денес Тоше ќе полнеше 37 години. Нашиот Тоше кој умешее да ги сплоти сите. Кај него поделби немаше. Прерано замина, но ние не те забораваме.

Песните кои ни ги остави се најголемото богатство кое секогаш ќе не потсетуваат за да не го заборавиме.



Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево.

Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот животен пат. Како малечок настапува на „Златно славејче“ и на „Мелфест“, пред и официјално да ја почне својата музичка кариера. „Се' се должи на љубовта кон музиката. Скалите си одат една по една сами по себе и никогаш не размислуваш што ќе се случи по 10 години или по 20 години“, изјавуваше Тоше Проески.

Неговиот талент го забележуваат сите, па затоа и неговите настапи уште како дете завршуваат со награди. За првпат пред македонската публика се појавува на Скопскиот фестивал со „Остани до крај“ во 1997 година. Од овој момент почнува и неговиот поход кон ѕвездите.

Тоше загина на 16.10 2007 во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Во спомен-куќата во Крушево во чест на роденденот на Тоше Проески денес претпладне од 11:20 започна музичка манифестација со локалното дуо „Кики и Пеце“, а свои настапи ќе имаа и хорот на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и сопранистката Билјана Јосифов придружувана од клавијатуристот Сашо Николовски. Претходно, во 11:15 часот беше положено цвеќе на вечното почивалиште на легендарниот македонски пејач.

Во Домот на АРМ во Скопје по повод роденденот на Тоше од 08 до 17 часот се одржува крводарителска акција во одбележување на роденденот на големиот хуманист и крводарител, нашиот Тоше.

 


Ева Лонгорија стана мајка

Познатата актерка „очајната домаќинка“ роди машко дете и за прв пат стана мајка

Повеќе

Том Круз во нова Невозможна мисија: Распад на системот

Нова вратоломија - воен скок со падобран од  25.000 метри 

Повеќе

33 издание на Фолк Фест Валандово

Вечерва во Фестивалската сала "Јанко Узунов" во Валандово се одржа ревијална вечер на 33 по ред „Фолк Фест Валандово 2018“

Повеќе

Кралска венчавка меѓу принцот Хари и Меган

Англискиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл по венчавката станаа Војводата и Војвотката од Сасекс

Повеќе

Израел победник на Евровизија

Со најмногу поени од телевоутинг Израел од третото место според жирито стана севкупен победник на годинашниот избор на песна на Евровизија

Повеќе

Lost and Found не влезе во финале на Евросонг 2018

Македонската група Eye Cue што ја претставуваше Македонија на годинашниот избор на Евросонг не доби доволно гласови за впез во финалниот избор за Песна на Евровизијата

Повеќе

„Ај кју“ вечер настапуваат 11ти на Евровизија 2018

Вечерва со почеток во 21 часот започнува првата полуфинална вечер за избор на песна за Евровизија 2018

Повеќе

Еден ден со Анита Мицова

Видео: Новитет на македонската естрада

Повеќе

Тридневен Рок Фест во МКЦ

Од утре па до недела, тридневниот Рок Фест во Скопје со понуда на музички, филмски и фото изложбени содржини - утрешниот музички дел е натпреварувачки

Повеќе

Почина светски познатиот DJ Avicii

Светски познатиот DJ Avicii, еден он светските имиња на денс музиката, пронајден мртов во Оман

Повеќе

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.