Почина славниот филмски Џемс Бонд - Сер Шон Конери

Сабота, 31 Октомври 2020

Сер Шон Конери почина на 90-годишна возраст, на својот имот на Бахамите, објави неговото семејство, а низ светот ја пренесе веста Би-Би-Си.
Шкотскиот актер беше најпознат по тоа што го толкуваше Џејмс Бонд, беше првиот што го играше тајниот агент на големото платно и дефинитивно најголгиот Бонд кој се задржа на филмското платно во оваа улога дури во седум од шпионските трилери за агентот со кодно име „007“: Dr No (1962), From Russia with Love (1963), Goldfinger (1964), Thunderball (1965), You Only Live Twice (1967), Diamonds are Forever (1971), Never Say Never Again (1983).

Неговата актерска кариера траеше повеќе од шест децении, а доби многубројни награди, меѓу кои и Оскар, две награди Бафта и три Златни глобуси.

Меѓу другите филмови на сер Шон беа „Лов по црвениот октомври“, „Индијана Џонс и Последниот крстоносен поход“ и „Карпата“.

Главно се сметаше за најдобриот актер што го глумел 007 во долготрајната франшиза, честопати избиран за најдобар во анкетите.

Оскарот го доби во 1988 година, кога беше прогласен за најдобар спореден актер за улогата на ирски полицаец во „Недопирливите“.

Кралицата го прогласи за витез во палатата Холирод во 2000 година. Во август, тој го прослави својот 90-ти роденден.


Од Бонд до Индијана Џонс: 5 легендарни улоги на Конери

Актерот Шон Конери во текот на девет децении го одбележуваше Холивуд како никој друг.

За неговиот изглед и појава доста говори и фактот што во 1999 година во филмот „Стапица“ партнерка му беше Кетрин Зета-Џонс, тогаш 40 години помлада од него. Во тоа време таа имала 30 години, а тој скоро 70 години, а никој не го забележал тоа. Во изминатите девет децении, Конери бил дел од бројни култни филмови, тој е еден од најголемите актери во светот и сите го имаа гледано барем еднаш.

Нескршливи

Конери во остварувањето на Брајан де Палма го игра Џим Мелон, непоткуплив полицаец од градот Чикаго, кој му се придружува на Елиот Нес во борбата против славниот мафијаш Ал Капоне.

Џејмс Бонд

Шон го играше Бонд седум пати – прв пат во филмот „Доктор Но“ во 1962. година, во кој истражува исчезнување на колега и проблеми со американската вселенска програма.

Индијана Џонс и последната крстоносна војна

Борба против нацистите, бркања, борби, антички артефакти, огромни камени топки од кои мора да се избега, многу змии – авантурата е загарантирана. Во третиот дел од франшизата „Индијана Џонс“ доби татко, и тоа никој друг туку Шон Конери.

Човек кој сакаше да биде крал

Станува збор за адаптација на роман на Рудиард Киплинг, автор на познатата Книга за џунглата, а филмот следи двајца поранешни британски војници и нивната авантура во која стигнуваат до далечниот Кафиристан, каде што белиот човек не стапнал од Александар Велики. Главните ликови, за кои Индија е мала и сакаат да станат кралеви, ги толкуваат Конери и Мајкл Кејн.

Лов на црвениот октомври

Шпиони, Студена војна, ЦИА, подморници … Сосема доволно за да се погледне. Конери го игра Марк Ремиус, команден офицер на „Црвениот октомври“, нова советска подморница која е невидлива за сонаторот и која се упатува кон Соединетите држави. 

Last modified on Сабота, 31 Октомври 2020 - 17:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.