Топ Новости

Оскари 2019: „Green Book“ e најдобар филм

Понеделник, 25 Февруари 2019

Видео: Рами Малек и Оливија Колман најдобри актери, Лејди Гага го доби првиот Оскар

 

 

Во вечер во која доминираше гламурот и отменоста на холивудската елита, Академијата не дозволи да заборавиме дека главната ѕвезда на вечерта се златните статуетки, популарно наречени Оскари.

Жирито сметаше дека нема подобар филм од драмата која го тематизира расизмот. „Зелена книга“ доби Оскар за најдобар филм. Животната приказна против расизмот „Green Book“ беше прогласен за Најдобар филм за изминатата година, по избор на Академијата. Режисерот на „Green Book“ Питер Фарели напомена дека филмот е снимен со многу љубов и почит, додавајќи дека сите мораме да се сакаме без оглед на разликите. Најдобриот филм е инспириран од вистинската приказна за афро-американскиот класичен и џез пијанист Др. Дон Ширли и неговиот телохранител Тони Валелонга кои тргнуваат на турнеја по американскиот југ во 1962 година.

Пред почетокот на Оскарите, како фаворит за оваа награда се сметаше „Roma“ на режисерот Алфонсо Куарон, но Мексиканецот мораше да се задоволи со наградата за Најдобар режисер. Двата филма, „Green Book“ и „Roma“ добија по три Оскари.

 


„Bohemian Rhapsody“ доби најмногу Оскари синоќа, вкупно четири, меѓу кои и онаа за Најдобар актер во главна улога, која му припадна на Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури во овој биографски филм за рок-групата „Квин“. Британската актерка Оливија Колман го доби првиот Оскар во кариерата за улогата во филмот „The Favourite“ и ја шармираше публиката присутна синоќа на гала-вечерта со нејзиниот емотивен и шармантен говор.


Помеѓу победниците на вечерта беше и Лејди Гага, која го доби Оскарот за Најдобра оригинална песна за „Shallow“ од филмот „A Star is Born“, а освен тоа успеа одново да ја воодушеви публиката со нејзината изведба на песната, заедно со Бредли Купер.

 

Наградата за Најдобар анимиран филм му припадна на „Spider-man: Into the Spider-Verse“, а Marvel успеаја да стигнат до уште три Оскари, благодарение на „Black Panther“.

Сите добитници на Оскар 2019:

Best picture - Green Book

Best actress - Olivia Colman - The Favourite

Best actor - Rami Malek - Bohemian Rhapsody

Best supporting actress - Regina King - If Beale Street Could Talk

Best supporting actor - Mahershala Ali - Green Book

Best director - Alfonso Cuaron - Roma

Best original screenplay - Green Book - Nick Vallelonga, Brian Currie and Peter Farrelly

Best adapted screenplay - BlacKkKlansman - Charlie Wachtel, David Rabinowitz, Kevin Willmott and Spike Lee

Best animated feature - Spider-Man: Into the Spider-Verse

Best foreign language film - Roma - Mexico

Best documentary feature - Free Solo

Best original song - Shallow (A Star Is Born) - Lady Gaga, Mark Ronson, Anthony Rossomando and Andrew Wyatt

Best original score - Black Panther - Ludwig Goransson

Best production design - Black Panther - Hannah Beachler and Jay Hart

Best costume design - Black Panther - Ruth E Carter

Best cinematography - Roma - Alfonso Cuaron

Best visual effects - First Man - Paul Lambert, Ian Hunter, Tristan Myles and JD Schwalm

Best make-up and hairstyling - Vice - Greg Cannom, Kate Biscoe and Patricia DeHaney

Best sound editing - Bohemian Rhapsody - John Warhurst and Nina Hartstone

Best sound mixing - Bohemian Rhapsody - Paul Massey, Tim Cavagin and John Casali

Best film editing - Bohemian Rhapsody - John Ottman

Best animated short - Bao

Best documentary short - Period. End of Sentence

Best live action short - Skin

 

Last modified on Понеделник, 25 Февруари 2019 - 12:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

Свети Трифун - заштитник на градинарите и на лозарите

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи

Повеќе

Расте листата на должници кон УЈП

Фирми во стечај, но и спортски клубови меѓу најголемите неплаќачи на данок во

Повеќе

Закон за откуп на работен стаж - мирно до пензија!

Сите оние кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради

Повеќе

Македонија го ратификуваше договорот за членство во НАТО

Денеска Собранието на РСМ со 114 гласови „ЗА“ го ратификуваше договорот за

Повеќе

Гевгелија повторно град со пливачки базен

На предлог на Агенцијата на млади и спорт Владата на РСМ донесе програма за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.