Топ Новости

Нема време за умирање - најновиот филм за Џемс Бонд

Среда, 04 Декември 2019

По петти пат во улогата на Џемс Бонд игра актерот Даниел Крег, а најновата филмска авантура се вика „NO TIME TO DIE“

Филмот е сниман во Лондон, на Јамајка, во Норвешка и Италија. 

Веќе е објавен е најновиот тизер трајлер за славниот агент 007 – кој е 25-ти по ред до сега во филмска верзија за Џемс Бонд. Самиот тизер предизвикал големо внимание, а после тоа расте нетрпеливоста за објавување на филмот. Филмот е во режија на Кери Фукунага, а покрај Крег, а во него настапуваат и актерксите sвезди Рами Малек, Рори Киниер, Ралф Фајнс, Бен Ваишо, Наоми Харис, Леа Седу и Џефри Рајт.

Даниел Крег го игра британскиот таен агент 007 по петти пат, потврдувајќи дека ова е последно продолжение во кој ќе го игра Бонд, бидејќи е време да го заменат со помлад.

- „Тоа е еден од најтешките, најпредизвикувачките, но и најубавите проекти со кои сум врзан. Потребно е многу енергија за да влезам во таа улога. Јас стареам и затоа е малку незгодно”, рече 51-годишниот актер, кој за време на снимањето го повреди зглобот .

Во новиот филм, Бонд ужива во тивок живот откако ја напушти Тајната служба сè додека не го посети стариот пријател, Феликс Лејтер од ЦИА и замолил за неговата помош. Потоа тој започнува со мисија да го спаси киднапираниот научник и со тоа ќе се најде на пат кон мистериозна вооружена негативка со опасна, модерна технологија.

Филмот премиерно ќе биде прикажан на 3 април 2020 година во Велика Британија и на 8 април во САД.
Франшизата „Џемс Бонд“ е една од најпрофитабилните во светот на филмот. „Spectre“ од 2015 заработи 880 милиони долари, а „Skyfall“ од 2012 повеќе од една милијарда долари.


Last modified on Среда, 04 Декември 2019 - 21:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

Од утре се укинува полицискиот час

Владата на денешната седница донела одлука од утре да се укине полицискиот час,

Повеќе

Рускоска: Ја докажавме вината на Јовановски и Јанева

Обвинителката Вилма Рускоска која го води случајот „Рекет“ денеска презентираше

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.