Топ Новости

„Медена земја“ прогласен за најдобар документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Четврток, 05 Декември 2019

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен филм за 2019 година на филмот „Медена земја“.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на Гала вечер на седми јануари во Њујорк.

Документарецот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов денеска доби и признание за најдобар филм за 2019 година според „Њујорк тајмс“. На листата на реномираниот весник, се најдоа и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и „Паразит“ на Бонг Јон-хо.

Освен позитивните критики од „ Њујорк тајмс“ , филмот „Медена земја“ ја освои и наградата за најдобар документарец според американската организација - „Њујоршки круг на филмски критичари“. Со овие последни признанија, „ Медена земја“, собра 15- тина престижни светски награди, меѓу кои и 4 во три категории на годинашниов „ Sundance“. Тој е македонски кандидат за „ Оскар“.

Last modified on Четврток, 05 Декември 2019 - 13:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

Богданчанец измамил такси компании од Кавадарци и заработил пријави во Полиција

Богданчанецот Г.К. бил пријавен во ОВР Кавадарци во два наврати за измама на

Повеќе

Јануарска градежна офанзива на општина Гевгелија тешка 373.742 евра

Во првата декада од јануари, со почетокот на календарската и новата фискална

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.