Владата одлучи: Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, а екипата државна награда

Среда, 22 Јануари 2020

Првиот македонски филм со двојна номинација за ОСКАР на протагонистите од „Медена земја“, Атиџе Муратова и семејството Хусеин и Љутвие Сам со осум деца, им донесе општештвена видливост, признанија, а од вчера и конкретна помош доделена од Владата. Двете семејства, Атиџе која живее сама и семејството Сам ќе добијат материјална помош и домови, одлучи Владата на вчерашната седница, која се одржа во Штип.

„Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов испиша историја со тоа што стана прв македонски филм кој доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и најдобар странски филм. Продуцент е Атанас Георгиев, а кинематографери се Самир Љума и Фејми Даут.

Владата, како што информира прес-службата, донелa повеќе одлуки за признание за авторите и протагонистите на филмот, а една од нив е Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на петчлената екипа која го сними филмот, која треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест.

Владата го задолжува и Министерството за животна средина и просторно планирање да организира серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, а Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука, да организираат емитувања на филмот „Медена земја“ за сите средни училишта во земјата, на Универзитетите и во домовите на култура, „за широка афирмaција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот“.

„Медена земја“ е филм за Атиџе Муратова, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во напуштеното овчеполско село Бекирлија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

Свеченото доделување на 92-те награди на Оскарите за 2020 ќе се одржи на 10 февруари во театарот Долби во Холивуд, а Владата ги задолжила Генералниот секретаријат, во соработка со Агенција за филм и Канцеларијата на претседателот на Владата, да ги преземат патните трошоци околу патувањето на петчлената филмска екипа и Муратова на доделувањето. Ова го потврди и Премиерот Оливер Спасовски со свој пост на социјалните мрежи.

Last modified on Среда, 22 Јануари 2020 - 15:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.