„Медена земја“ се закити со наградата „Доријан“

Среда, 05 Февруари 2020

На тимот на „Медена земја“ вчера му беше врачена престижната награда „Доријан“ за најдобар документарен филм која ја доделува заедницата на LGBTQ критичари кои пишуваат во сферата на популарната култура и филм во САД, Канада, Австралија и Велика Британија.

Вчера, списанието NEW YORK (AP) објави:
„Медена земја“ веќе влезе во историјата. Тоа е првиот филм во светската кинематографија истовремено номиниран во категоријата најдобар документарен и во категоријата најдобар интернационален филм (претходно насловена најдобар филм од неанглиско говорно подрачје). Двојната чест го прави „Медена земја“ тивок револуционер на Оскарите, оној кој зборува за зголемувањето на природната безграничност во правењето на документарните филмови, но и за специфичната големина на „Медена земја“ - коментира Џејк Коил за „АП Њус“.

Додека го очекуваме доделувањето на оскарите во земјава, како и во САД, Велика Британија и Ирска се изведуваат проекции на „Медена земја“. Вечерва во 20 часот во Гевгелија, во слалата на Народниот Театар ќе се одржи третата проекција на „Haneyland“ за гевгеличани.
Вечерва филмот се прикажува и во други места од државата: во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, во Центарот за култура во Неготино, во НУ Центар за култура Крива Паланка, во Дом на млади Штип, во „Cineplexx MK“ Скопје и во Градско Кино „Милениум“.

Галерија од доделувањето на наградата „Доријан“ во САД.


Last modified on Среда, 05 Февруари 2020 - 17:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.