Најдобри филмски остварувања за 2013: “Гравитација“ и „12 години ропство“

Понеделник, 20 Јануари 2014

Кога продукциите се плодни, тогаш и наградите се тешки за доделување. Така, годинава Американското здружение на продуцентите (PGA) годинава не можеше да се одлучи меѓу филмовите „Гравитација" (Gravity) и „Дванаесет години ропство (12 Years a Slave), па двата на свеченоста во неделата навечер во Лос Анџелес беа прогласени за најдобри филмски остварувања во изминатата 2013 година

Кога продукциите се плодни, тогаш и наградите се тешки за доделување. Така, годинава Американското здружение на продуцентите (PGA) годинава не можеше да се одлучи меѓу филмовите „Гравитација" (Gravity) и „Дванаесет години ропство (12 Years a Slave), па двата на свеченоста во неделата навечер во Лос Анџелес беа прогласени за најдобри филмски остварувања во изминатата 2013 година.

Ова е првпат во 25-годишната историја на здружението на американските филмски продуценти членовите да не можат да се одлучат и да ја доделат наградата на еден филм. Така наградата ја попделија продуцентите на „Гравитација", Алфонсои Куарон кој воедно е и режисер и Дејвид Хејман, како и продуцентите на „Дванаесет години ропство", Ентони Катагас, Џереми Лејнер, Стив Мекквин, Бред Пит и Ди Гарднер.

Наградите на PGA на најдобар филм често се покажаа како фаворити за најпрестижните филмски награди Оскар коишто годиниве ќе се одржат на 2-ри март. Последен пат во изборот на продуцентите и членовите на Американската академија за филмски уметности и науки се разликуваше пред седум години.

Годинава листата номинирани филмови за Оскар во категоријата најдобар филм се разликуваше само за еден наслов - „Saving Mr. Banks" кој беше номиниран на листата на PGA, додека номинираниот за Оскар „Филомена" не влезе во потесниот избор на PGA.

Last modified on Петок, 24 Јануари 2014 - 02:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.