ВИДЕО: Професорот - Приказна за хаваецот од Гевгелија

Четврток, 27 Февруари 2020

Животот, сеќавањата за професорот, поетот, хуманист и концерт мајстор на хавајска гитара Илија Џаџев е склопен во 90 минутен филмски проект на Јордан Дуков. Пред да пристигне на емитување во нашиот град еве краток трајлер за запознавање со неговата содржина, видео сеќавања за еден несекојдневен боем од нашиот крај, хаваецот од Гевгелија, кој реализира над 6.000 бесплатни концерти и велеше дека „уметноста за пари не е уметност“.

Илија Џаџев (5.10.1926-14.04.1991). Роден е во Гевгелија. Завршил Природно-математички факултет, група географија во 1954 година. Работел како професор по географија во гимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Бил член на „Друштвото на писателите на Македонија“ од 1990 година.  Има издадено 20 збирки поезија и e единствениот хавајски гитарист во светот кој одржал илјадници бесплатни концерти во земјата и на меѓународни светски гостувања. 

Здрав, стамен, едноставен, непосреден, го сакаа сите, а беше магнет за жените вели негов роднина гевгеличанец.
За него сезоната на капење во Вардар и Дојран започнувала на 1 јануари! При едно такво капење во Дојран му ги украле алиштата, а тој без мака се вратл во Гевгелија со автобус по гаќички за капање на изненадување на сите присутни во автобусот и тие кои го сретнале по улиците. Ама, Џаџев немал мака. Oваа случка од несекојдневното секојдневие на Професорот ја објавил и весникот „Вечер“ на 20.07.1970 година.
Погледнете го трајлерот за „Професорот“.

Last modified on Четврток, 27 Февруари 2020 - 12:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.