Том Круз во нова Невозможна мисија: Распад на системот
Топ Новости >

Том Круз во нова Невозможна мисија: Распад на системот

  • Вторник, Јун 05 2018

 

Единствениот кој се осмели: Том Круз е првиот холивудски актер кој собра доволно храброст за нова филмска вратоломија. 
"Невозможна мисија: Распадот на системот", е шесто продолжение на филмскиот серијал со Том Круз во главната улога, кој овој пат целосно се соживеа во неговата улога изведувајќи потег што филмската индустрија не памети дека некогаш е направен.

Познатиот американски актер Том Круз влезе во историјата со неговиот последен потег во кариерата. Всушност, тој стана првиот актер кој го изведува опасниот HALO скок со падобран и тоа на висина од 25.000 метри, и сето тоа за потребите на снимањето на новиот продолжеток "Невозможна мисија: Распадот на системот"

„Paramount Pictures“ го објави спотот во траење од две и пол минути во кое може да се видат интензивните подготовки пред снимањето на опасниот скок што се изведува над небото на Обединетите Арапски Емирати.

Круз е познат по своите многубројни акробации изведени при снимањето на филмовите, без помош на двојник или каскадер, но HALO скокот е досега нешто најопасно превземено од него и воопшто снимено за филмски потреби од страна на еден актер. HALO скокот е всушност воена техника на скокање од авион од екстремни височини, и се врши со помош на маскa за кислород. Пред снимањето, актерот го вежбал скокот во посебно изграден воздушниот тунел, со специјално дизајнирана маска за да може целото време да остане при свест.

Новата „Невозможна мисија“ во кината пристигнува на 27 јули оваа година.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Деца од Гевгелија на бесплатно летување во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјална политика на РМ денеска 56 дечиња од Гевгелија заминаа на седумдневен бесплатен одмор во Струга

Повеќе

Заврши асфалтирањето на улицата „Мицо Шаренков“

Одлагањето беше поради нивелирање на шахтите од атмосферската канализација

Повеќе

Невремето во гевгелиско однесе 1,783 милиони евра штета

Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди утврди штети кај 322 физички лица и 14 правни субјекти на површина од близу 400 хектари

Повеќе

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.